Диет – мени со кое ќе ослабете 5 килограми за само 7 дена

Сите сакаме брзо и лесно да ослабеме ! Ова мени ќе ни ја исполни и таа вечна желба да бидеме слаби колку што посакуваме.

Наутро:

Една чаша млака вода со сок од еден лимон, на гладно, за прочистување од токсини и активација на метаболизмот. После половина час откако ќе ја испиете водата со лимон треба да изедете 2 јаболка или 2 портокали. Може наместо тоа да земете 1 голем грејпфрут.

На тоа додадете и еден грст ореви, бадеми, или лешничи, бидејќи овие намирници ги содржат најполезните антиоксиданси за жената, го чистат организмот од слободните радикали, го подобруваат варењето на храната и перисталтиката на цревата, и го активираат метаболизмот.

Ручек:

Оваа диета за ручек дозволува конзумација на посно месо, а тоа може да биде варено пилешко или телешко месо. Се пие и една чаша јогурт.

Ужина:

Една свежа сезонска салата, зачинета со малку маслиново масло и многу малку сол.

Вечера:

Вечерата треба да биде пред 18 часот. Вечерата се состои од две тврдо варени јајца, плус салата од краставици или марула, зачинета со малку маслиново масло и малку сол.

После 18 часот не се јаде ништо. Направете еден литар зелен чај (на 1 литар вода 4 кесички чај), кој треба да го испиете пред да си легнете.