PLAC тест + HsCRP тест за мерење на плазма протеинот – Корист : Заштита од срцеви болести

Со овие тестови се мерат Lp-PLA2 и нивоата на Ц-протеинот, два важни вида на воспаленија предизвикани од акумулирање на наслаги во вашите артерии – голем индикатор за срцеви заболувања.

Кога лекарите ги додадоа резултатите од овие проверки во своите вообичаени проценка на факторите на ризик (крвен притисок, холестерол, итн), дојде до прекласификација на 39% од средно-ризични пациенти- вклучувајќи 11% кои имале потреба од посериозен третман – известува новата студија објавена во списанието „Stroke“. Многу од овие пациенти сега можат да бидат кандидати за статини.

Направете ги тестовите, доколку :

Сте средовечни и холестеролот ви е нормален, но сте пушач, тежината ви е зголемена, имате семејна историја на срцеви заболувања или имаат хипертензија на ризична граница, вели Кристи М. Балантајн, ко-автор на студијата и директор на Центарот за спречување на кардиоваскуларни болести на центарот за срцеви и васкуларни болести „Дебејки“ во Хјустон. Ако ве стават во категоријата на повисок ризик, статините (гама амино – киселини)не се единствените кои треба да се третираат. Lp-PLA2  и нивоата на Ц-протеинот добро реагираат на диета и вежбање.