Се здебелив, ослабев и пак се здебелив – познато ви е ова сценарио? Ако постојано варираш со килажата, тогаш најверојатно практикуваш погрешна диета или поточно брза диета што подразбира екстремно гладување. Ваквите диети водат до намалување на килограмите, но штом се вратиш на нормалниот начин на исхрана настапува оној јо-јо ефект и ете си назад на старт.
Јо-јо ефектот е неизбежно сценарио, не бира по возраст, ни по пол, единствен предуслов е да си на диета, строга диета. А бидејќи е невозможно доживотно да гладуваш, кога – тогаш ќе ти се врати старата тежина. Многу луѓе велат дека после екстремно гладување не само што ја вратиле старата тежина, туку плус се здебелиле.
Што значи не поставувај си нереални и неиздржливи цели со диети кои подразбираат внесување на минимум храна или јадење едно исто – лубеница, вода, толку! Јо-јо ефектот за телото е вистински шок кој освен враќање на тежината, предизвикува низа последици опасни по здравјето.
Строгата диета секогаш резултира со неуспех и јо-јо ефект, но растителните влакна ги анулираат последиците?
Јо-јо ефектот поттикнува апетит
Масните клетки лачат лептин, хормон кој комуницира со мозокот известувајќи го дека телото е снабдено со доволно количина храна, тоа мозокот го интерпретира како сигнал за полн стомак. Кога си на брза диета и гладуваш, ти губиш масти, а помалку масти подразбира помалку лептин. Затоа си гладен кога си на диета.
Од друга страна, целиот организам забавува со работа со цел да сочува енергија и затоа при прекин на диетата, ти имаш покачен апетит, но согоруваш минимум калории. Делумно, ова е причината поради која после неколку диетални циклуси остануваш со плус килограми од претходно. Луѓето кои ја намалиле тежината за кусо време, вратиле 30-65 % од оригиналната тежина за една година. Еден од три луѓе заработува и плус килограми.
Како Bio Fiber ќе среди: Го контролира апетитот преку делување на хормоните што сигнализираат глад како грелин. Поттикнува лачење на хормоните за ситост како холецистокинин, GLP-1 и пептид YY. Го забавува движењето на храната во цревата, а тоа го пролонгира чувството на глад.
Јо-јо ефектот значи плус масти, а минус мускули
Во јо-јо фазата, кога одново ги враќаш килограмите, мастите се лепат за тебе многу побрзо од мускулите. Поради ова, процентот на масти е 2 пати повисок. 11 од 19 студии потврдиле дека во јо-јо фазата се случува предиспозиција на покаченото ниво на масти, најчесто околу стомакот.
Вториот проблем е тоа што при процесот на слабеење, ти не губиш само масти туку и мускули. А кога ја враќаш тежината, мастите се оние што се лепат први, а мускулите дополнително се губат. Организмот запаѓа во состојба на физичка слабост и немоќ. Ако овој циклус на слабеење и одново дебелеење се повторува постојано, во просек ти ќе накачиш три пати повеќе килограми составени од масти и минимум мускули.
Затоа многу е важно да вежбаш додека слабееш. А за да ги зачуваш мускулите ти треба квалитетен извор на протеини.
Како Bio Fiber ќе среди: При ферментацијата на растителните влакна се создаваат масни киселини со краток ланец кои го регулираат метаболизмот на мастите – го забрзуваат процесот на согорување на масти, а го забавуваат складирањето на мастите.
Јо-јо ефектот е причина за висок крвен притисок
Покачувањето на телесната тежина, а особено покачувањето на тежина како последица на јо-јо ефект води до висок крвен притисок. Уште полошо, јо-јо ефектот ги блокира здравствените бенефиции од намалување на тежината врз притисокот во иднина.
Студијата во која биле вклучени 66 возрасни откри дека оние кои биле на јо-јо диета, имале помали резултати при стабилизација на крвниот притисок во текот на слабеењето. Но, студиите велат дека овој ефект може да се избрише за 15 години што е добра вест на некој начин бидејќи ова значи дека апсурдните диети во младоста нема да имаат ефект на здравјето во средните години.
Како Bio Fiber ќе среди: Растителните влакна во дванаесетпалчното црево ги врзуваат жолчните киселини од кои се создаваат жолчни соли и ги исфрлаат преку столицата. Така се оневозможува ресорпција на жолчните киселини од тенкото црево повторно бво црниот дроб, каде од нив се создава лошиот ЛДЛ холестерол.
Јо-јо ефектот води до дијабетес тип 2
Секоја фаза на губење и покачување на телесната тежина влијае на хормоните, конкретно на стрес хормонот кортизол. Зголемените нивоа на кортизол го поддржуваат таложењето на масни резерви околу стомакот, а ова го зголемува ризикот од дијабетес, но и од срцеви заболувања.
Вишокот околу половината почесто води до дијабетес отколку дебелината на нозете, колковите или рацете. Иако се уште треба да се истражува поврзаноста помеѓу јо-јо ефектот и дијабетесот, она што со сигурност се знае е дека 4 од 17 студии потврдиле дека луѓето на строги диети имаат предиспозиции за дијабетес тип 2.
Како Bio Fiber ќе среди: Штом дојдат во контакт со водата, влакната се конвертираат во гел кој го забавува странсферот на храната од стомакот во цревата и затоа спречуваат таложење вишок околу половината. 10 гр додаток од растворливи влакна го намалува ризикот од таложење масти околу стомакот за 3.7 %.
Раствори 1 кафена лажичка од растителните влакна на Dr. Viton – Bio Fiber во 250 мл вода, сок или друга негазирана напивка и испиј ја по кој било оброк.
Dr. Viton – Bio Fiber е твојата најдобра поддршка после која било диета!
Dr.Viton – Biofiber можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-bio-fiber/
Dr.Viton – Biofiber може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)