Зошто не се оди во сала за вежбање без овој суплемент?

Без разлика дали сте почетник или напреден вежбач, штом одите во сала неопходна ви е суплементарна поддршка. Да скратиме, потребна ви е CLA или конјугирана линоленска киселина. Обично, CLA се поврзува со слабеење и диети, но подеднакво е пожелна и за создавање мускулна маса и подобар перформанс.

За CLA никогаш нема да чуете лош збор! Конјугираната линоленска киселина е омега-6 масна киселина што природно се среќава во месото и млечните производи. Во суштина е нуспроизвод на дигестијата на тревопасните животни. Од овие причини, најмногу се среќава во производите од животинско потекло, но од животните кои се хранат со трева.

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Од друга страна, на телото му се неопходни омега-6 масните киселини, вклучувајќи и CLA, со цел да напредува и да демонстрира најдобар можен прерформанс. Од друга страна, CLA во организмот повеќе се однесува како омега-3 масна киселина и можеби затоа делува и антивоспалително.  

Ја намалува тежината без да ги загрози мускулите

Една од најпознатите и најдобрите бенефити што ги испорачува CLA е намалување на тежината. Од голема помош им е на оние кои сакаат да ги намалат вишоците, но без да ја загорзат мускулната маса.

Класичните диети водат до намалување на телесните масти, но рака под рака со нив одат и тешко заработените мускули. Но, луѓето кои пиеле CLA забележале подобрување на композицијата на телото иако слабееле на принцип на ограничување на калорискиот внес.

Постојат неколку различни механизми преку кои CLA промовира намалување на телесните масти. Прво, се чини дека влијае на одредени рецептори познати како PPAR-гама рецептори. Дејствувајќи на овие рецептори, CLA го инхибира складирањето на маснотиите и производството на масни клетки.

CLA исто така може да помогне во зголемување на потрошувачката на енергија, што ви овозможува да согорувате повеќе калории за време на тренинзите, но и во текот на денот.

CLA е корисен и за оние кои се на диета, бидејќи поттикнува ситост. Кога сте на диета и пиете CLA  суплемент, тој ќе ви даде чувство на полност иако сте изеле само една салата. Ова го намалува ризикот од прејадување, а го олеснува живеењето со малку калории.

Го одржува имунитетот кој е загрозен при напорни тренинзи

Освен што поттикнува топење на мастите, CLA го зајакнува и имунитетот. Поради неговите антивоспалителни својства, ја поддржува работата на имунитетот олеснувајќи му на телото да се избори со инфекциите. Ништо не може да го загрози прогресот во фитнес салата како болеста, затоа CLA суплементот ќе помогне да дојде до вакво нешто.

Ги зајакнува коските кои се клучни за поддршка на пораснатите мускули

Оние што имаат за цел да направат мускули, многу малку мислат на тоа колку е важно да имаат и цврсти коски. Силните коски го намалуваат ризикот од фрактури и низа други повреди особено во повозрасните години. CLA ја зголемува способноста на телото да го апсорбира калциумот и да ја редуцира активноста на остеокластите, клетките кои го загрозуваат здравјето на коските.

Го штити срцето

Една неодамнешна студија покажа дека CLA спречува атеросклероза или масен плак во артериите кои се причина за сериозни состојби како срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар. Истражувачите веруваат дека позитивниот ефект што CLA го има врз срцето се должи на фактот што суплементот ја подобрува функцијата на црниот дроб. Црниот дроб ги метаболизира мастите, па кога тоа го прави ефикасно, индиректно спречува таложење на плак.

Бонус ефект: Штити од дијабетес тип 2

Некои истражувања покажале дека високото ниво на CLA во организмот го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Тврдењето е скроз логично ако се земе предвид моќта на CLA да ги топи масните и да поттикнува намалување на телесната тежина која патем е број еден виновник за дијабетес тип 2. Не само тоа, CLA ја зголемува чувствителноста на инсулин (колку повеќе човек е чувствителен на инсулин, толку му е полесно да ја исфрли глукозата од крвта во мускулните клетки каде ќе се искористи како енергија).

CLA суплементот сам по себе секако дека нема да спречи појава на дијабет, но во комбинација со здрава храна е корисен за општото здравје и контрола на шеќерот во крвта. Од CLA ќе имаат корист и оние кои веќе страдаат од дијабетес тип 2, бидејќи ќе им го олесни контролирањето на нивото на шеќер во крвта.

Dr. Viton CLA можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-cla/

Dr. Viton CLA може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)