Зошто ти треба пролетна детоксикација?

Се чувствуваш уморно, исцрпено, поспано? Те мачи раздразливост и имаш тегоби како лошо варење, лош тен, проблеми со кожата? Потребна ти е детоксикација на организмот, која е најдобро да се спроведе најмалку два пати годишно: во пролет и есен.

Што е детоксикација?

Детоксикација е чистење на организмот од токсини, тешки метали и вишок течности кои секојдневно се таложат и се внесуваат во организмот преку храна, пијалаци, алкохол, цигари, лекови и поради нередовно движење.

Детоксикацијата на организмот ги оживува клетките, ја подобрува работата на органите и му дава енергија на целиот организам. Затоа е неопходно да се спороведе најмалку два пати во годината и така да се спречи појавата на многу проблеми и болести.

Детоксикацијата има позитивен ефект на зголемувањето на енергијата, концентрација, на менталните способности, слабеењето, целулитот, на подобрување на дигестијата, како и на решавање на проблемите со кожата.

Како да се направи детоксикациски план?

Во чистењето на организмот вклучени се органите од дигестивниот систем, црниот дроб и бубрезите, па при детоксикацискиот план потребно е да се насочиш кон нив. За отстранување на вишокот течности заслужни се бубрезите, а за отстранувањето на токсини и тешки метали од црниот дроб и органите за варење.

Детоксикацијата се спроведува целно, за да се прочисти целиот организам, почнувајќи од цревата, црниот дроб, кожата и крвта. Така телото се прочистува и обновува.

Детоксикацискиот план треба да се состои од следниве елементи:

  • Избегнување на рафинирани намирници (бело брашно, шеќер, масло, бисквити и благо воопшто)
  • Избегнување на конзервирани јадења и јадења од кесичка
  • Да не се пушат цигари, да не се пие алкохол, кафе и газирани сокови, како и сокови со шеќер
  • Намали го внесот на месо и млечни производи и мрсна и пржена храна
  • Зголеми  го внесот на свежо овошје и зеленчук
  • Јади супа од зеленчук
  • Да се пие 1-2 литра течности (вода и билни чаеви)
  • Задолжително да се вклучи телесна активност, како пешачење, трчање, јога или некој спорт
  • Да се вклучат додатоци во исхраната на база на зелени алги, како и растителни влакна кои темелно ќе ги исчистат цревата, црниот дроб и желудникот од наталожените штетни супстанци.

Спирулината Spirulina San Sebastian е докажано ефикасна за регулирање на цревната флора, а со тоа и за правилно функционирање на дигестивниот систем.

San Sebastian Spirulina производот можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.

San Sebastian Spirulina можете да го нарачате онлајн

https://alfalab.mk/proizvodi/san-sebastian-spirulina/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)