Топ 5 намирници за сите кои страдаат од анксиозност

За во телото да се излачи смирувачкиот серотонин, неопходна е аминокиселината триптофан, затоа, сите намирници кои се богати со оваа аминокиселина би можеле да им помогнат на сите оние кои се борат со анксиозноста.

Храната која е богата со Б витамини, со витаминот Ц и Е, со минерали како магнезиум, исто така е добредојдена во случај на анксиозност.

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Според некои истражувања, од помош се и доволните количини на омега 3 масните киселини, заедно со голема количина на антиоксиданти.

Земајќи го сето ова во предвид, стручњаците ја составија оваа листа на топ 5 намирници кои би требало да ги јадеш за полесно да се справиш со анксиозноста:

Интегрални житарки (или интегрален ориз за оние кои не консумираат глутен)

Интегралните житарки, вклучувајќи го и оризот, се добар извор на триптофан, а истовремено содржат и високо ниво на магнезиум, кој промовира релаксација и делува смирувачки врз нервниот систем.

Истовремено, тие се одличен извор на сложени јаглехидрати кои даваат енергија и одржуваат балансирано ниво на шеќер во крвта, што дополнително делува смирувачки.

Лосос и друга мрсна риба

Лососот и мрсната риба како харинга, скуша и др. се богат извор на омега 3-масни киселини, кои се познати заштитници на нервите.

Омега 3-масните киселини помагаат во регулирањето на нивото на неуротрансмитерите, како што се серотонин и допамин, и помагаат за здраво функционирање на мозокот.

Рибиното масло исто така содржи и витамин Д, а недостатокот токму на овој витамин е поврзано со нарушувања на менталното здравје како што се анксиозноста и депресијата.

Шумско овошје

Шумското овошје, а особено боровинките и акаи бобинките се тн. суперхрани кои се богати со витамини, фитонутриенти и антиоксиданти, и за нив е докажано дека не само што го намалуваат стресот туку помагаат и во случај на анксиозност.

Чај од камилица

Секојдневното пиење на неколку шолји чај од камилица, има смирувачки ефект, а според некои истражувања неговото редовно консумирање може да спречи и напади на анксиозност. Камилицата е многу лековито растение, и уште во традиционалната медицина се користела за смирување на умот и телото.

Бадеми

Бадемите се одличен извор на цинк, но содржат и доволна количина на магнезиум како и витамин Е, а сите тие заедно се неопходни за одржување на менталното здравје. Бадемите истовремено се богати и со здрави масла кои помагаат за здравјето на мозокот.

Ова е накратко изборот на експертите кога станува збор за храна која може да помогне во справување со анксиозноста.

Но, доколку на тебе не ти се допаѓа овој избор, не се плаши да експериментираш и обиди се својата исхрана да ја збогатиш со храна која е добар извор на антиоксиданти, Б витамини, омега 3-масни киселини, триптофан, магнезиум и други есенцијални витамини и минерали. 

Ако нешто успева да ја спречи, контролира и намали анксиозноста тоа е минералот магнезиум и витаминот Б6. Всушност, недостигот на овие две може да поттикне анксиозност и среќа тука е Dr. Viton Magnezan B6 кој целосно ќе го репарира мозокот.

Во формулата на Dr. Viton Magnezan B6 се здружение овие вечни пријатели кои целосно го релаксираат нервниот систем и мускулатурата. Витаминот Б6 учествува во невротрансмитерските процеси кои им дозволуваат на нервните клетки и мозокот да комуницираат меѓусебно. Во комбинација со магнезиум, мозокот ќе биде повеќе од остар.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)