Научи како едноставно да го отстраниш стресот со јога позата Шавасана

Сите ние знаеме што е стрес и сите го имаме искусено таканаречениот „бори се или бегај“ одговор во ситуации во кои сме биле изложени на некаква опасност. 

Во ситуација кога ни се заканува некаква опасност, нормално е да дојде до стимулација на автономниот нервен систем, бидејќи се влучува нашиот инстинкт за преживување. Но, доколку таквата стимулација е постојана, тогаш стануваме жртви на хроничниот стрес. За да си го зачуваме здравјето, неопходно е да најдеме ефикасен начин за да се релаксираме.

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Постојат многу методи за опуштање и отстранување на стресот, а јога позата Шавасана е една од нив.

Оваа поза се изведува во лежечка положба, каде грбот го допира подот, а дланките се отворени и свртени нагоре. Се изведува со затворени очи, целта е да се опушти целото тело, а фокусот е свртен кон здивот.

За време на изведување на оваа поза, се отстранува сета тензија од мускулите и се обезбедува непречен проток на енергијата која претходно била заглавена. По завршувањето на оваа вежба, ние се чувствуваме ревитализирано и освежено.

Понекогаш се случува оваа ново ослободена енергија, да не ослободи од нашите одбранбени механизми и да ни даде пристап до потсвесното, при што се буди и нашиот креативен дел.

За овој тип на длабока релаксација да биде успешен, неопходна е интимност и приватност или голема доверба во присутните во просторијата. Бидејќи, во оваа лежечка положба, предната страна на телото и сите витални органи се изложени и на некој начин ранливи, а очите затворени што значи е невозможно да внимаваме на се што се случува околу нас.

Целта е да се биде целосно присутен во сегашниот момент и да се ослободиме од целиот насобран стрес.

И најдобрата работа во врска со овој метод на ослободување од стресот, е што не мора да се зачлениш во јога клуб, туку секој би можел да ја изведува и во приватноста на својот дом.

Еве како:

  1. Најди мирно и тивко место во домот, во време кога никој не би те прекинувал.
  2. Седни и исправи ги нозете пред себе, а потоа полека спушти го целото тело и легни на подот, идеално на јога душек.
  3. Рацете треба да се малку оддалечени од трупот, дланките свртени нагоре, а очите затворени.
  4. Почни од стапалата и обиди се да го релаксираш цело тело движејќи се од стапалата кон врвот на главата.
  5. Целото тело треба да е опуштено, рамениците да го допираат подот.  Фокусот да е целосно на здивот, а ако се појави некоја мисла слободно пушти ја да замине без да вложиш напор.
  6. По неколку минути во оваа положба, провери дали некаде во твоето тело се уште постои напнатост, ако е присутна, обиди се свесно да го релаксираш и тој дел.
  7. Телото и умот треба да останат смирени и опуштени.
  8. Пред почетокот на оваа пракса, добра идеја е и да се покриеш со некое ќебенце, бидејќи во процесот на длабока релаксација слично како и при спиењето, метаболизмот се забавува и може да почне да ти студи.

Иако навидум оваа метода изгледа лесно, не е така, бидејќи длабоката релаксација не може да се постигне се додека не се смири умот, а за некои практикувачи тоа всушност е и најтешкиот дел.

Во оваа релаксирачка позиција се останува околу дваесетина минути, а потоа постепено е потребно да се стане свесен за своето опкружување преку сетилата, прво се размрдуваат прстите на нозете и рацете. 

Ова мрдање на прстите е многу важно, бидејќи така се стимулира протокот на енергија низ меридијаните со што се активираат главните органи низ кои минуваат овие енергетски меридијани.

Во почетокот може да биде тешко да се постигне длабока релаксација, но со тек на практикувањето станува се полесно.

Експертите велат доколку редовно се продолжи со изведување на Шавасана, ќе се постигне баланс во нервниот систем, а телото и умот ќе бидат ослободени од стресот.

Шавасана велат може да помогне и при дишните болести, висок крвен притисок, дигестивни нарушувања како и при опоравување од некоја болест или повреда, затоа што одблокираната енергија почнува да патува навнатре и да лекува и ревитализира.

Речиси и да не постои човек кој откако ги почувствувал позитивните придобивки од практикувањето на оваа поза, не продолжил истата редовно да ја практикува.

Но, подеднакво важно е редовно да практикувате да пиете Dr. Viton Magnezan B6, бидејќи го релаксира целиот нервен систем, го смирува срцето, го храни мозокот одвлекувајќи го од негативните мисли. Поттикнувајќи го лачењето на серотонинот, хормон на среќата, магнезиумот го штити целиот организам од стресот кој е број еден причина за анксиозност.

Витаминот Б6 е тука за да ја проследи таа информација од нервните клетки до мозокот и плус ја олеснува апсорпцијата на магнезиумот во мускулите намалувајќи секаков тип на болка и редуцирајќи ја тензијата.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)