Ретинолот е единствената научно докажана состојка што ќе ти помогне да ја „соблечеш“ оштетената кожа од лицето и да ја замениш со нова, позатегната, помазна и посјајна кожа.
Затоа, ако забележуваш ситни линии околу очите, а брчките околу устата се тука и без да се смееш, време е да почнеш да користиш ретинол.
Толку многу бенефити има кожата од ретинолот, што дерматолозите ја поместија границата, советувајќи ги дамите да го употребуваат после 25-тата година.
Колку порано почнеш да го користиш, толку побрзо ретинолот ќе ги забави промените на кожата. Ретинолот е моќен да делува и на оние промени кои на прв поглед делуваат трајни.
Колку ретинол ѝ е потребно на кожата?
Она што може да те збуни е концентрацијата на ретинолот која се разликува од серум во серум. Сега, сигурно се прашуваш која концентрација е идеална за твојата кожа?
Колку ретинол ти е потребно зависи од твојот тип на кожа, длабочината и видливоста на брчките, од штетите што ги гледаш на површината како темни флеки од сонце и акни и на крај и од самата толерантност на кожата спрема ретинолот.
Добрата вест е што кожата се адаптира на сè повисоки и повисоки концентрации, ако постепено ја навикнеш. Штом кожата се спријатели со ретинолот, таа ќе почне да се подобрува во секоја смисла.
Дали повисоката концентрација на ретинол значи и подобар серум?
Серумот со висока концентрација на ретинол е побрз во делувањето, па првите резултатите се видливи по 2 недели употреба.
Серумот со висока концентрација на ретинолот има широк спектар на делување:
- ги стеснува порите,
- ги поправа штетите поттикнати од надворешните фактори,
- ја згуснува истенчената кожа,
- ги пополнува длабоките брчки,
- го изедначува нерамномерниот тен,
- ги лекува акните.
Не е важна само концентрацијата, туку и со што е комбиниран ретинолот во серумот!
При изборот на твојот ретинол серум, не треба да се водиш само по концентрацијата. Многу дерматолози сметаат дека многу поважни се останатите состојки со кои е комбиниран.
Општо познато е дека ретинолот ја суши кожата и затоа добитен ретинол серум е оној кој во составот содржи хијалуронска киселина или било која друга состојка која поттикнува хидратација.
Постои добитен серум – висококонцентриран и споен со врвни состојки!
Dr. Viton Retinox серумот го има идеалниот состав за да поттикне забрзана обнова на кожата без да ја иритира.
Retinox серумот на Dr. Viton содржи ретинол во висока концентрација од 2.5%. Поради тоа е еден од најефикасните серуми со ретинол кој целосно ја трансформира кожата за многу кратко време.
Дамите забележуваат намалување на брчките за дури 34.2% по 12 недели употреба.
За да го одржи нивото на хидратација во кожата, Dr. Viton во својот Retinox серум вклучи внимателно одбрани природни состојки како: хијалуронска киселина, екстракт од готу кола, екстракт од органски зелен чај и масло од јојоба.
Постепено спријатели се со Dr. Viton – Retinox серумот и гледај како кожата ти се менува пред очи.
Dr. Viton- Retinox Serum можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-retinox/
Dr. Viton – Retinox Serum може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин, во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)