Што се случува со коските на жената во менопауза?

Те облеваат бранови топлина?! Стануваш среде ноќ препотена, жива вода?! Твоите домашни ги забележуваат овие твои промени, но никој не си дозволува да ти каже нешто затоа што од домашно маче се претвораш во тигар за секунда! Во еден момент си расположена, во следниот ти доаѓа да плачеш на цел глас?!

Не грижи се, не си болна. Така изгледа менопаузата!

Што претставува менопаузата?

Менопаузата е крајот на менструалните циклуси и се дијагностицира со отсуство на месечно крварење повеќе од 12 месеци. Најголемиот дел од жените влегуваат во менопауза помеѓу 45 и 55 година од животот, додека просечната возраст е 51 година.

Симптомите на менопаузата се видливи, најчесто!

Освен отсуството на менструалните циклуси, јасни показатели за менопаузата се:

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

  • вагиналната сувост и намаленото либидо,
  • нередовен сон,
  • промени во расположението,
  • зголемување на телесната тежина и забавување на метаболизмот,
  • сува кожа

Но, во организмот се случуваат и промени кои не се толку видливи како што е сувата кожа на лицето или некој килограм плус.

Секоја 5-та жена по 50-та година ќе скрши коска!

Аспектот од менопаузата кој сериозно треба да те загрижи се коските. За разлика од останатите промени поврзани со менопаузата, промените на коските се случуваат тивко, без симптоми и брзо, а можат значително да ти го намалат квалитетот на животот па дури и да завршат фатално.

Што се случува со коските во менопаузата?

Сувата кожа, белите влакна, намаленото либидо и промените на влажноста на вагината се резултат на недостаток на естроген. Естрогенот е еден од главните полови хормони, одговорен за женското репродуктивно здравје. Неговиот недостаток резултира со многу промени во организмот, но од оние невидливите, најкритични се промените на коските.

Во менопаузата доаѓа до значително намалување на естрогенот (со текот на времето телото повеќе и не го излачува), а со тоа слабеат и коските и нивната цврстина и густина.

Ваквите коски се подложни на остеопороза и многу често се случува да пукнат самите по себе.

Звучи страшно, зар не?! Во еден момент стоиш право на своите две нозе и си играш со внуците, а веќе во следниот, си на земја со пукнат колк. Па ти следат операции, рехабилитации и никогаш нема да бидеш витална како порано.

Естрогенот не можеш да го вратиш, но треба да ја дочекаш менопаузата подготвена. Тоа значи, здрави и цврсти коски и во 50-те и во 60-те и во 70-те години.

Внесуваш калциум, но тоа не е доволно!

На коските им е потребен калциум! Тоа ќе ти го каже и мало дете, кое знае дека токму поради тоа пие толку млеко.

Калциумот во голема мера се внесува преку исхраната, дури и кога не пиеш шолја млеко пред спиење. Но, не секогаш оди на вистинското место. Калциумот во организмот само делумно завршува во коските.

Проблемот се јавува кога наместо во градбата на коските, калциумот се таложи на ѕидовите на артериите. Замислете го калциумот на крвните садови, како бигор на греачот од бојлерот. Вака наталожен на крвните садови, калциумот предизвикува нивно стеснување и го оневозможува оптималниот проток на крв. Така се создава високиот крвен притисок и во еден од три случаи, резултира со срцев или мозочен удар.

Решението е во К2!

На организмот му е потребно нешто што ќе го насочи сиот калциум кон коските. Тоа нешто се нарекува витамин К2.

Една од најважните улоги на витаминот К2 е правилна распределба на калциумот во коските. Со други зборови, витаминот К2 учествува во синтеза на протеин кој го врзува сиот калциум во организмот и го носи во коските. На тој начин, калциумот не се таложи по ѕидовите на артерии и во бубрезите, туку оди директно во коските и се грижи за нивното здравје.

За уште поголем ефект, додадете Д3, магнезиум и цинк!

Освен калциумот и витаминот К2 кои се двојка од соништата, љубов на прв поглед и не можат еден без друг, корисни играчи во оваа здравствена равенка се и Д3, магнезиум и цинк.

Витаминот Д3 е задолжен за оптимална апсорбција на калциумот во коските. Магнезиумот е минерал кој влегува во составот на коските и ја подобрува нивната густина, додека цинкот учествува во регенерација на коскеното ткиво.

Каде да ја најдеш оваа добитна комбинација за здрави коски?

Ако ги внесуваш сите минерали и витамини поединечно, потребни ти се 5 таблети. Но, во Dr. Viton K2 Komplex се сместени сите овие состојки во само една таблета дневно!

Dr. Viton K2 Komplex претставува совршено искомбинирана формула која во себе содржи витамин К2 (МК7), органски калциум, магнезиум, витамин Д3 и цинк! Зарем ти треба нешто повеќе?!

Редовното користење на Dr. Viton K2 Komplex ќе те подготви за менопаузата, ќе ти го подобри здравје на коските и ќе ти го сочува здравјето на срцето. Не дозволувај да ти се повреди ниту најмалото ковче! Погрижи се за својот скелет и здравјето на своите коски навреме! Земи си Dr. Viton K2 Komplex и уживај во староста без страв и без болки!

Dr. Viton – K2 Komplex можеш да го набавиш и во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, во сите други подобро снабдени аптеки, како и во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!

Нарачај го веднаш онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/k2-komplex/ или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

Dr. Viton – K2 Komplex ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!