Нова, помазна, позатегната кожа за само еден месец

Се смееш, се лутиш, се чудиш, во денот изразуваш безброј емоции несвесна дека го грчиш лицето. Сите тие мимики, полека, но сигурно ќе се врежат на твоето лице во облик на брчки што ќе се познаваат и без да мрдаш.

Ова се симптомите на природниот процес на стареење и во денешно време и тие може да се коригираат, затоа продолжи да се смееш и уште толку биди убава со Dr. Viton Retinox серумот.

Новиот серум во палетата на Dr. Viton се базира на ретинол, активната состојка за која сигурно знаеш дека го забавува и ги коригира симптомите дури и од природниот процес на стареење.

Всушност, мимичките брчки двојно потешко се коригираат во однос на брчките и останатите симптоми на предвремено стареење поттикнати од надворешните фактори како УВ зраци, ПМ честички, алкохол, цигари и останато.

Но, Dr. Viton Retinox серумот содржи ретинол со 2.5 % концентрација, плус е поддржан со Готу кола и затоа поттикнува продукција на колаген, еластин и плус хијалуронска киселина, и на тој начин ги пополнува постоечките брчки и го затегнува лицето.

На пазарот постојат серуми и креми со различен процент на концентрација на ретинолот и тоа најчесто ги збунува корисниците – ако концентрацијата е ниска, резултатите ќе изостанат; ако концентрацијата е висока, постои ризик кожата да пресуши и да се иритира.

Истражувањата велат дека производот треба да содржи минимум 0.25 % ретинол за тој да биде ефективен.

При изборот на производ со ретинол, земи ги предвид следните точки:

Ретинолот да доаѓа во облик на серум – серумот има полесна структура, брзо се апсорбира и пенетрира длабоко во кожата и затоа не ги затнува порите, што е особено важно за оние склони на акни.

Производот да ја има назначено концентрацијата на ретинол – како што е тоа сторено во Dr. Viton Retinox серумот кој се одликува со 2.5% концентрација на ретинол во составот. Онаму каде што не е назначена концентрацијата, се подразбира дека таа е пониска од 0.25%.

Твојот тип на кожа – ако имаш сува и тенка кожа и никогаш претходно не си користела ретинол, треба да почнеш со најниска концентрација и обратно ако кожата ти е масна, густа и имаш акни ти треба што повисока концентрација. Сепак, секоја кожа зборува во свое име и честопати високо концентрираниот ретинол се покажал ефективен кај сувата кожа, бидејќи го покачил нивото на хијалуронска киселина во кожата.

Затоа, најбезбедно е да го тестираш производот, етапно да го воведуваш во негата за да видиш како твојата кожа реагира.

Зошто Dr. Viton Retinox серумот е најдобар избор?

Содржи доволно високо концентран ретинол за да поттикне промени после првата недела од употребата, а целосно ќе ја трансформира кожата за 3 до 6 месеци.

Ретинолот во Dr. Viton Retinox серумот доаѓа во облик на мала молекула која длабоко пенетрира во кожата и поттикнува регенерација на клеточно ниво, што значи секоја оштетена клетка која подлегнала на хиперпигментација или оксидативен стрес, ќе биде заменета со нова.

Ваквиот процес во својата крајна фаза ќе резултира со мазна, сјајна, рамна и изедначена кожа и рамномерен тен. Dr. Viton Retinox серумот спречува кршење на протеинските единици во кожата како колаген и еластин и на тој начин го забавува стареењето и го задржува волуменот на лицето, но поттикнува и нов наплив на колаген и еластин кои ќе ја задебелат кожата па брчките на површината ќе се израмнат.

Но, најважниот фактор што треба да го земеш во предвид е формулата на производот или со кои состојки е комбиниран самиот ретинол.

Ретинолот во Dr. Viton Retinox серумот има зголемен потенцијал поради Готу колата, но баланс е постигнат со растителната хијалуронска киселина, органското масло од јојоба, органскиот екстракт од зелен чај – сите овие органски и природни состојки ја штитат кожата од пресушување и иритации.

Dr. Viton Retinox Serum можете да го нарачате онлајн:

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-retinox/

Dr. Viton Retinox Serum може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин, во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)