Пори – трн во око на секоја жена, но има начин да се намалат

Секогаш кога ќе ги здогледаш оние сочни портокали на маса, се прашуваш како е можно кожата на твоето лице толку многу да потсетува на нивната кора. Милиони ситни дупчиња го покриваат секој милиметар од твојата кожа, тука се, ги гледаш и те вадат од такт.

Сочувствуваме со тебе и потполно го разбираме твојот голем проблем предизвикан од овие навидум мали и незабележливи дупчиња.

Не сакаме да те лажаме, порите е невозможно да исчезнат, но тоа не значи дека не можеш да ги намалиш во обем.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Во просек, на твоето лице се нанижани околу 20.000 пори кои служат како излезен канал за потта и вишокот себум. Колку и да ги мразиш тие и се неопходни на кожата, затоа подобро прифати ги, дај им го тоа што им треба и ќе видиш дека ќе се минимизираат до степен да станат невидливи.

Постојат два типа на пори со различни функции:

ПОТНИ ПОРИ

Потните пори овозможуваат влагата (произведена од потните жлезди) да излезе на површината на кожата. На овој принцип всушност кожата се лади од надворешната топлина, напор или треска. Потните пори се преситни, речиси и невидливи за човечкото око и затоа ретко кога се запушуваат.

МАСНИ ПОРИ

Масните пори се всушност твојот трн во око, бидејќи се поголеми и видливи. Масните пори се познати и како фоликули, бидејќи овие пори продуцираат масло од лојните жлезди, но исто така се отвори од кои излегуваат влакната. Маста што ја продуцираат е неопходна за здравјето на кожата и косата. Масните пори се оние кои се запушуваат со пот, вишок себум и нечистотии, предизвикувајќи акни, митесери и акни со бел врв. 

ПРИНЦИП НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОРИТЕ

Зголемувањето на порите се должи на низа фактори како генетика, пол, природен процес на стареење, хормони, УВ зраци, загадување. Без оглед на факторот, принципот на проширување на порите е ист:

1 факторот поттикнува зголемено лачење на себум при што пората расте во обем;

2 факторот ја намалува продукцијата на колаген и еластин, кожата попушта, почнува да виси и ги истегнува порите правејќи ги да изгледаат поголеми.

Со контролирање на факторите, ќе успееш да го контролираш лачењето на себумот и ќе го забавиш пропаѓањето на колагенот и еластинот и на тој начин ќе ја одржиш и намалиш големината на порите.

ВИТАМИНОТ Ц ДЕЛУВА НА СИТЕ ФАКТОРИ КОИ ГИ ПРОШИРУВААТ ПОРИТЕ

Значи, ти треба мултифункционален препарат кој може да го минимизира ефектот на факторите, а задолжително и СПФ фактор особено во лето. Она што УВ зраците може да го направат со порите во лето не се споредува со она што останатите фактори ќе го сторат цела година.

УВ зраците ја оштетуваат структурната поддршка околу аглите на секоја пора и ја растегнуваат, а за да го минимизираш тој ефект ти треба СПФ фактор и витамин Ц.

Витаминот Ц е антиоксидант, а тоа само по себе значи дека има моќ да ги одзатне порите, да ја исчисти кожата од мртвите клетки и да го намали вишокот себум. Патем, ќе ги среди и останатите нерегуларности на кожата ако го користиш редовно и соодветно.

Витаминот Ц ја обновува кожата и ја осветлува, бидејќи делува антивоспалително редуцирајќи ги акните од секаков тип – ситни мозолчиња или акни со гној. Бидејќи поседува и некомедогени својства, може да спречи и појава на митесери кои настануваат кога маслото во порите ќе оксидира.

Витаминот Ц поттикнува продукција на колаген и еластин кои обезбедуваат структурна поддршка на кожата, тонус и лифтинг ефект на самите пори.

Витаминот Ц ја штити кожата од УВА и УВБ зраци и секогаш треба да му претходи на СПФ факторот. Не прескокнувајте го и навечер, бидејќи има моќ да ги репарира сончевите штети вклучувајќи пигментација, фини линии и брчки, дехидратација, па дури и изгореници.

Препорака за производ: Dr. Viton C Serum – содржи висока концентрација на витамин Ц и плус е надополнет со хијалуронска киселина, колаген, масло од јојоба, витамин Е и ферулна киселина, комбинација која успешно ги минимизира порите.

Низа студии потврдуваат дека витаминот Ц за локална употреба го поттикнува нивото на колаген и еластин и нуди поголема заштита од сончеви штети многу поуспешно од оралниот витамин Ц. 

Инстантно минимизирај ги порите со Dr. Viton C Serum!

Dr. Viton Vitamin C Serum можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

можеш да го нарачаш онлајн на 

https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

Dr. Viton Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!