Кардио тренинг или тренинг со тежина?

Голем број луѓе низ светот имаат проблеми со тежината, други пак постојано вежбаат и се на диета, а не слабеат…Тука и се поставува прашањето дали прават нешто неправилно. Многу луѓе кои сакаат да ослабат се заглавени со незгодно прашање – дали треба да практикуват кардио или вежбање со тежина? Овие два се најпопуларни типови вежбање, но може да биде тешка одлуката кој вреди повеќе за еден саат „изгубен“ во текот на денот. Во оваа статија ќе прочитате за кардио и за вежбите со тежина.

Во една серија, со кардио се согоруваат повеќе калории
Многу научници истражувале колку калории согоруваат луѓето за време на различни активности. Врз основа на ова истражување, можете да ја користите вашата телесна тежина за да процените колку калории ќе изгорите за време на различни видови на вежби, вклучувајќи ги и кардио и вежбите со тежина.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Ако имаш 73 кг, ќе согориш околу 250 калории за 30 минути џогирање со умерено темпо. Со побрзо темпо, со трчање,  ќе изгориш околу 365 калории за 30 минути.  Од друга страна, ако вежбаш со тежина за ист временски период, може да согориш само околу 130-220 калории. Значи да заклучиме, за ист временски период, ќе согорите повеќе калории при кардио тренинг отколку со вежбање со тежина.

Тренингот со тежина помага да согорувате повеќе калории секој ден
Иако тренингот за вежбање со тежина обично не согорува толку многу калории како кардио тренинг, тој има и други важни придобивки. На пример, тренингот за тежина е поефективен од кардио при градењето на мускулите, а мускулите согоруваат повеќе калории во мирување отколку некои други ткива, вклучувајќи маснотии.  Поради ова, вообичаено се вели дека градењето на мускулите е клучот за зголемување на вашиот метаболизам додека одмарате – колку калории горите во мирување. Кај мажите, тренирањето со тежина доведе до зголемување на метаболизмот од 9%. Ефектите кај жените беа помали, со зголемување од речиси 4%.

Другата позитивна страна е што при тренинг со тежина, губите калории во наредните часови по завршувањето, во споредба со кардио тренингот, кога калориите престануваат да се согоруваат, кога вие престанувате со вежбање. Што значи дека при тренинг со тежина, ќе губите калории во наредните часови и денови!

Користењето на повеќе видови вежби може да биде најдоброто решение
Американскиот Универзитет за спортска медицина (ACSM) е една од најголемите и најреномираните организации кои даваат препораки за вежбање. Според нив, комбинираните вежби, во текот на една недела или дневно, како и да вежбате, до сега се покажало како најефективно. Повторно се сѐ сведува на она…балансот е клучот на животот! Посветеноста и нормално здрава исхрана ќе ве доведат до тело какво што отсекогаш сте посакувале.

Наша препорака: Nature Essential – Л-Карнитин
Го олеснува снабдувањето на мускулите со енергија, ги согорува вишокот масни наслаги ја зголемува еластичноста на телото, ja подобрува циркулацијата.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Еурофарм Аптеки, ДМ, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА:
https://alfalab.mk/proizvodi/l-carnitine

Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)