Како редовно да ги празниш цревата без напор?

Нелагодност, замор, проблеми со кожата, нервоза, раздразливост, намалена активност, асоцијалност, нарушен сексуален живот… ќе ти звучи чудно, но сите овие симптоми се должат на опстипација или нередовна посета на тоалетот.

Опстипација или запек е состојба со која секој се соочил барем еднаш во животот, но кога нередовното празнење на цревата е редовна пракса, тогаш може сериозно да го наруши квалитетот на живот.

Резултати од испитување спроведено во една британска клиника која се занимава со проблеми со дигестијата (варење на храната) покажале дека 51% од жените кои имаат проблем со нередовна столица се чувствуваат помалку атрактивни, 38% навеле дека поради опстипацијата или откажуваат договори или си одат порано дома од социјални дружења, а 68% признаваат дека опстипацијата влијае на нивниот сексуален живот.

 Има начин како да го надминеш овој проблем! Растителните влакна од акација на Dr. Viton – Bio Fiber ќе ти помогнат да го подобриш варењето на храната, како и способноста на системот за дигестија навремено да се ослободи од штетните и вишок материи, кои не дозволуваат негово правилно функционирање, а со тоа и редовност на столицата.

Светската здравствена организација препорачува секојдневен внес на растителни влакна, како додаток во исхраната од 25-40 грама дневно, од причина што тие се од огромна важност за функционирање на целиот организам, а имаат и поволно влијание на некои од честите заболувања на современото живеење.

Растителните влакна на Dr. Viton – Bio Fiber се природен стимуланс за создавање на цревна перисталтика (активирање на мазните мускули кои ја покренуваат цревната содржина и доведуваат до нејзино исфрлање од организмот). Тие ја зголемуваат масата на столицата, врзуваат вода и го олеснуваат празнењето на цревата. Кога поминуваат низ дигестивниот тракт, растителните влакна ги чистат ѕидовите на цревата и го скратуваат времето на задржување на храната во цревата.

Една кафена лажичка Dr. Viton – Bio Fiber раствори во чаша вода или негазиран сок и испиј ја течноста по секој главен оброк – појадок, ручек, вечера (вкупно 3 лажички растителни влакна од акација).

Dr. Viton – Biofiber можете да го нарачате онлајн

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-bio-fiber/

Dr. Viton – Biofiber може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)