Избриши ги сончевите флеки како со гума

Секогаш кога ќе се погледнеш во огледало се прашуваш со кој памет си се сончала и тоа на најсилното сонце во 3 часот напладне? Но, тогаш ти беше најважно да бидеш најтемна во друштвото и затоа денес, данокот го плаќа твоето лице.

Темни сончеви дамки, нерамномерен тен, висната кожа, а на неа нанижани безброј ситни и по некоја длабока брчка – сите подеднакво ти задаваат главоболка и ти ја намалуваат самодовербата. Се прашуваш дали постои нешто што може да ги избрише сите овие последици од твоето неодговорно сончање? Ќе те израдуваме на старт, да постои!

Но, пред да ти ја откриеме чудотворната состојка, мораш да научиш дека оштетувањето на кожата од сонце е еден непрекинат процес. Не ги врзувај сончевите штети само со директното изложување на сонце (како сончање во двор, на плажа, покрај базен), туку на твоето целокупно изложување на сонце или поточно УВ радијација.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

И кога одиш на работа, и кога се шеташ, и кога седиш во двор и си пиеш кафе, си изложена на ризик од сончеви штети, но само ако твојата кожа е без заштитен СПФ фактор. Во превод, твоето лице и во моментов трпи штети ако е оставено само на себе.

Вети си на себе дека нема да помине ден без да нанесеш СПФ фактор, доволно е 30, но важно е да е производ со широк спектар – на етикетата на производот обично е назначено со Broad Spectrum, а тоа значи дека производот те штити од УВА, УВБ, сини и инфрацрвени зраци.

Сега, кога се осигура дека кожата на твоето лице е безбедна, ајде да видиме што можеш да сториш околу постоечките штети?

Прв и единствен чекор: Почни да нанесуваш серум со витамин Ц!

ГИ ИЗМАЗНУВА БРЧКИТЕ

Брчките на твоето лице се должат на ДНА штетата предизвикана директно од УВБ зраците и на оксидативниот стрес поттикнат од УВА зраците и сината светлина. Слободните радикали ги нападнале здравите клетки на кожата, но и го деградирале колагенот и еластинот кои се клучни за мазна и полна кожа.

Како делува Витамин Ц: Бидејќи е еден од најмоќните антиоксиданти, витаминот Ц успешно го брише оксидативниот стрес од клетките. Плус, поттикнува продукција на колаген кој е неопходен за да ги измазни и пополни брчките. Колку поредовно го користите, толку ефектот ќе биде поголем.

ГИ ИЗБЕЛУВА ТЕМНИТЕ ДАМКИ

Хиперпигментацијата ја предизвикуваат зголемените дози меланин – природниот пигмент кој го дефинира тенот. Меланинот се лачи во петта брзина кога кожата е изложена на УВ радијација и токму поради тоа се создаваат оние сончеви дамки и мелазма.

Како делува Витамин Ц: Директно влијае на создавањето на меланин и на тој начин ја спречува пигментацијата. Но, кога доволно долго го нанесувате, тој ќе почне да ги избелува и веќе постоечките дамки од сонце, лузни од акни, црвенило (поттикнато од воспаление или оштетени крвни садови) и целосно ќе го изедначи тенот. Витаминот Ц има моќ да ги регенерира оние површини кои се соочиле со сончеви изгореници и кои се разликуваат од другата површина на кожата – регијата делува потенка, затегната и црвеникава.

Тука не завршува ефектот на Витамин Ц!

Улогата на витаминот Ц не е ограничена само на поправка на сончевите штети, имај на ум дека тој истовремено нуди и заштита од УВ радијација и обезбедува постојан наплив на хидратација за кожата, одржувајќи ја свежа и блескава без оглед на временските прилики надвор. Тој е вашиот спас во напорните денови кога подочниците го издаваат вашиот умор и нуди постојана заштита од слободните радикали кои се најактивни преку ден – кога има и кога нема сонце.

Сите овие бенефити комплетно ќе ви ги испорача Dr. Viton C серумот дури и повеќе од тоа, бидејќи во составот содржи плус две клучни состојки кои особено им значат на дамите кои се соочуваат со сончеви штети.

Станува збор за витаминот Е кој во комбинација со витамин Ц е премоќен сојуз кој делува на фотоштетите. И двата делуваат на слободните радикали, но секој превенира од различни УВ штети.

Ретинол е гумата за бришење брчки во козметичката индустрија и плус поттикнува продукција на колаген, во комбинација со витамин Ц дозата на колагенот ќе биде многу поголема.

Dr. Viton Vitamin C серумот содржи висока концентрација на витаминот Ц и уште поважно, целата формула ја чинат доволно мали молекули кои брзо и длабоко пенетрираат во сите слоеви на кожата што е многу важно, бидејќи и УВ зраците прават штети на секое ниво.

Dr. Viton Vitamin C Serum можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

можеш да го нарачаш онлајн на 

https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

Dr. Viton Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!