Не ја штитиш кожата од сонце? Еве што ќе и се случи

Брчки, фини линии, темни дамки, можеби ги немаш во моментов, но ќе дојде денот кога ќе се соочиш со нив. Во меѓувреме, не треба да седиш со скрстени раце бидејќи некаде си прочитала дека природниот процес на стареење е неизбежен. И сонцето те старее и не те прашува за години.

Дали знаеш дека 90 % од промените на кожата се предизвикани од ултравиолетовите зраци од сонцето и не се воопшто поврзани со годините? Што значи, ако не ја заштитиш кожата со време, уште пред 30-тата ќе се соочиш со истите промени со кои се соочува една 40 годишна жена.

Ако мислиш дека нанесувањето СПФ фактор за време на летниот одмор е доволно, тогаш си во голема заблуда. Имај на ум дека сончевата светлина е околу нас постојано, затоа, заштитата на кожата од сонцето е борба која треба да трае цела година, а не само една сезона.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Всушност, фотостареењето или штетите предизвикани од сонце не се случуваат само оние 10 дена додека си на одмор, туку се последица на целокупното и спонтано изложување на УВ зраците во текот на целиот твој живот.

Се сеќаваш на слатките пеги што ги имаше како дете? Тоа всушност биле предупредувачки знаци од телото дека си претерала под сонцето. 

Што точно и прави сонцето на твојата кожа?

Кожата е составена од три слоја: епидермис или надворешен слој; дермис или среден слој; и хиподермис или најдолен слој. Дермисот содржи колаген, еластин и други влакна кои ја чинат структурата на кожата. Токму овие градбени единици се одговорни за мазниот и младешки изглед на кожата и тие најмногу страдаат од УВ радијација.

Ултравиолетовите зраци се составени од два типа различни бранови – УВА и УВБ. Кога УВ зраците ќе дојдат до кожата, тие ја уништуваат нејзината ДНА и плус ги уништуваат клетките во дермисот кои се борат да создадат меланин во епидермисот и да спречат понатамошно оштетување.

Токму поради овој процес, ти си заминуваш од плажа со потемнет тен несвесна дека твојата кожа целото тоа време по сонцето се обидувала да ја блокира радијацијата да продре подлабоко.

УВА зраците имаат подолга бранова должина и затоа се виновни за поголемиот дел од штетите кои ги врзуваме со фотостареењето. УВА зраците пенетрираат длабоко во дермисот на кожата каде ги оштетуваат колагенските влакна.

Ваквата штета предизвикува зголемена продукција на абнормален еластин. Невообичаените количини на еластин резултираат со производство на ензими наречени металопротеинази. Овие ензими го деградираат колагенот резултирајќи со неправилно обновена кожа. Со секојдневното изложување на УВА, ваквиот процес одново и одново се повторува и неправилно обновената кожа почнува да формира брчки, да попушта, да виси и да се тенчи.

Кои други зраци се штетни за кожата?

Малкумина знаат дека 10 % од стареењето се должи на сината и на инфрацрвената светлина. Високо-енергетската видлива светлина (HEV или сина светлина) ја емитува сонцето, но и дигиталните уреди како телефонот или компјутерот. И ако емисијата на УВ зраците завршува со заоѓањето на сонцето, сината светлина е присутна долго потоа. За разлика од неа, инфрацрвената светлина е невидлива за човечкото око, но може да се почувствува како топлина.

За среќа овие зраци не водат до рак, што не е случај со УВ зраците, но истражувањата потврдија дека го компромитираат и колагенот и еластинот во кожата. Инфрацрвената и сината светлина предизвикуваат таканаречено дигитално стареење на кое, ако се земе предвид колку време поминуваме пред компјутер или на телефон, треба да се делува.

Кои се последиците за кожата од незаштитено изложување на сонце?

Последиците од фотостареењето се многубројни, па се јавува мелазма (пигментација), хиперпигментација (лентиго), старечки дамки, црвенило, сува и испукана кожа, Актинична кератоза (сончеви точки) и рак како крајна фаза.

На пример, изложувањето на сонце (и хормонските промени) може да предизвикаат мелазма, состојба при која се јавуваат пеги на лицето. Актиничната кератоза (сончеви точки) се директна последица на сончево изложување, а тоа се први аларми кои укажуваат дека кожата е под закана од рак.

Промените во текстурата на кожата како ситни или длабоки линии, восочно лице водат до неизедначен и безживотен тен. Оштетените крвни садови кои на кожата се видливи како црвенило или дамкавост на носот, обрзите или вратот, се индикација за благи изгореници и се уште еден знак за оштетување од сонцето.

Што треба да сториш уште денес?

За разлика од природното, фотостареењето може да се спречи и тоа само со два производи – Витамин Ц серум и СПФ фактор.

Витаминот Ц го попречува создавањето на меланин и на тој начин спречува создавање дамки под сонцето. Успешно го изедначува и избелува тенот, бидејќи има моќ да ги избрише сите лузни од некогашните акни или оние сончеви дамки од ланскиот одмор.

Успешно го намалува црвенилото и ја лекува кожата од евентуални сончеви изгореници. Бидејќи е признат антиоксидант, витаминот ги штити здравите клетки на кожата од слободните радикали и УВ радијацијата.

Нанесувајте Dr. Viton – Vitamin C серум секое утро, пред излегување, за да креирате штит кој цел ден ќе делува во служба на кожата. Dr. Viton – Vitamin C серумот содржи доволна концентрација на витаминот за да ја заштити кожата од изгореници, дисколорации, сувост, фотостареење.

Нема да погрешите ако го нанесувате и навечер, бидејќи тогаш најсилно ја обновува кожата, грешите само ако воопшто не нанесувате Dr. Viton – Vitamin C серум.

Dr. Viton Vitamin C Serum  можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Можеш да го нарачаш онлајн на 

https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Dr. Viton Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.