„Мора да јадете три оброци на ден, но’ немојте да се прејадувате на појадокот и ручекот, а кога вечерате дозволено ви е да јадете храна која може да се внесува исклучиво со виљушка, порачуваат креаторите на овој режим на исхрана.
Во оваа диета нема потреба да се бројат и да се редуцираат калории или пак да се јаде по распоред, единствено треба да се јаде само со виљушка за време на вечерата.
Диетата „Виљушка“ е дело на Иван Гаврилов, кој всушност не е нутриционист, но по негова препорака група експерти за исхрана испитале дека неговата теорија е навистина релевантна. Основната идеја од која се развила оваа диета е фактот што храната која не може да се јаде само со виљушка најчесто содржи масти и шеќери.
Според Гаврилов, храната за која се потребни и нож и виљушка е таа која ни ги зголемува килограмите: сирење, месо, колбаси и додатоците кои задолжително одат со нив во порција, па така храната од животинско потекло целосно се исклучува за време на вечерата. Исто така, забрането е внесување на храна која може да се јаде со раце, како на пример: пица, хамбургер, јаткасти плодови и леб.
Постојат две верзии како може да се држи оваа диета:
Првата верзија е строго почитување на правилото „Виљушка“ , што подразбира дека за подготовка на вечерата не смее да се користат лажица, нож и раце, а втората верзија подразбира дека за подготовка на вечерата може да се користат само нож и виљушка. „Виљушка“ е создадена да се применува како здрав начин на исхрана, а не исцрпувачка диета која подоцна би имала „јо- јо“ ефект.
Со придржување кон овој режим на исхрана се очекува да се губат по 2,5 кг. месечно.