Домашни „шејкови“ за совршено рамен стомак

Погледнете кои вкусни пијалаци може да ви помогнат да се ослободите од вишокот на масти од стомакот.

Ако не сте задоволни со изгледот на стомакот и половината, не очајувајте, бидејќи решението лежи во освежувачки и вкусни пијалаци. Проверете кои пијалаци може да ви помогнат да бидете горди на својата линија, особено на рамниот стомак.

Вода со вкус

Хидратацијата е многу важна кога сакате да ја намалите вашата тежина. Ако пиете многу вода му помагате на телото да го одржи оптималното ниво на  течност, но и ја  спречувате појавата на надуеност. Исто така, на овој начин можете да го одржите чувството на ситост. Ако не сакате да пиете обична вода, додадете неколку капки од лимон за подобар вкус .

Фрапе од лубеница

Доколку  се подготвени без шеќер, овие пијалаци се одличен начин за да се освежите без да се каете. Лубеница е одличен избор како ниско калорична состојка за фрапе, во себе содржи голема количина на вода исто така содржи и голем број на медицински состојки, вклучувајќи ликопен, кој е познат по превентивниот ефект за појавата на рак. Лубеницата содржи и аминокиселина аргинин , која ги намалува маснотиите во телото и го поттикнува зголемувањето на мускулната маса.

Ладен чај од нане

Овој пијалак е одличен начин за да се освежите, но, исто така, и да се ослободите од мастите наталожени на стомакот. Чајот од нане му помага на телото да се ослободи од вишокот на масти, но исто така го забрзува варењето на мрсната храна, и на тој начин ја спречува надуеноста.

Фрапе од ананас

Пијалакот од ананас ќе ве однесе до тропските предели, а на вашето тело ќе му помогне да се ослободи од вишокот на килограми, особено оние наталожени на стомакот. Ананасот содржи ензим бромелаин, кој  помага во  разградувањето на протеините, го олеснува варењето на храната и спречува надуеност.

Зелен чај

Го намалува ризикот од рак и срцеви заболувања, зелениот чај содржи катехини, антиоксиданси кои можат да влијаат на намалување на мастите на стомакот. Ако пред физичката активност се напиете зелен чај, ќе можете да согорите повеќе масти за време на вежбањето.

Шејк од чоколада

Чоколадите, особено оние со висока содржина на какао, всушност може да ви помогнат да изгубите од вашата тежина. Кралицата на слатките го намалува апетитот и ги спречува „нападите на глад”. Сепак, овој пијалак може да содржи до 400 калории, па повеќе спаѓа во  оброци отколку во  ужина.