Безглутеинска диета

Еве ги основните дозволени, ризични и недозволени намирници за луѓето нетолерантни на глутен.

Дозволено: ориз (интегрален, глазиран), пченка, просо, киноа, пченкарно брашно и бело брашно, палента, бело оризово брашно, кафеноо оризово брашно и оризов гриз, соино брашно, брашно од компир, скроб од компир, брашно од леблебија.

Ризично: сите брашна што се контаминирани со мелење во млинот на кој се мелеле недозволени житарки, пакувани со ист апарат или складиштени во исти силоси каде претходно била и пченицата.

Дозволено: Во безглутенската исхрана се дозволени сите видови на месо (свинско, јагнешко, телешко, јунешко, пилешко, мисиркино).

Ризично: сушено и солено говедско месо, варена шунка, колбаси, виршли и сите индустриски сувомеснати производи како што се чаен колбас, салами, сув врат и др.

Забрането: имитација на морските плодови, похувано месо или риба, валкано во брашно или готвено во сос кој содржи брашно со глутен.

Дозволено: млеко, јогурт, павлака, слатка павлака, кравјо, козјо или овчо сирење или младо сирење.

Ризично: млеко со додатоци на витамини и други елементи и напитоци на база на млеко (чоколадно, ванила, инстант напитоци, инстант кафе), ароматизирана павлака за готвење (со печурки и др.), инстант крем, пудинг и шлаг, намази од сирење.

Дозволено: сите видови на зеленчук. Дозволено е и користење на конзервиран зеленчук со додаток на проверен конзерванс кој не содржи глутен.

Ризично: користење индустриски конзервиран зеленчук. Во безглутенската исхрана се дозволени сите видови овошје.

Ризично: Користењето на зашеќерено овошје е дозволено доколку е проверена подготовката и кандирањето со кристален шеќер. Во поедини постапки при производството се користат производи со пченкарно потекло (за сушење, глазирање, матирање, калапење). Треба да се обрне внимание на сувите сливи и сувите смокви (главно на побрашнетите). За кандирање се користи индустриски произведен шеќер во прав; овошните сокови, кашите, џемовите, мармаладите, компотите и слаткото од сите видови овошје се без проверен конзерванс; сите зрна и семки, доколку не е проверен начинот на печење, затоа што при процесот на печење се користи брашно за да се врзе солта и да се спречи лепењето.

Дозволено: овошни сокови, каши, мармалади, компоти и слатко од сите видови овошје со проверен конзерванс; зрна и семки: ореви, семки од сончоглед и тиква, бадеми, лешници, сусам, леблебија, кикирики, ф’стаци, костен, идиски орев, мак, кокос. Дозволен е кристален бел шеќер, мед, фруктоза. Кафеавиот шеќер може да биде карамелизиран. Во тој случај тој не може да се користи зошто може да содржи јачменов слад. Индустрискиот шеќер во прав може да содржи 5% глутен.

Слатки- не се дозволени никакви индустриски слатки, кекси, колачи, кремови, чоколади, бонбони, карамели, локум, освен ако не се 100% без глутен (сите овие производи, главно содржат глутен). Составот на бонбоните се наоѓа на декларацијата, но произведувачите не мораат да наведат што користат за попрашување на калапите во кои ги обликуваат бонбоните (за да не се лепат). Главно, тоа е талк кој може да биде со пченично потекло.

Сладолед- да не се користи индустриски, слаткарски, од автомат без проверен состав, зошто може да содржи глутен. Не се дозволени производи како што се пиво, квас, виски, ликер… Кафе- дозволено е свежо смелено кафе. На кафето обично му се додава печено зрно од несаканите житарки. За ова треба да се води сметка кога се користи мелено кафе. Инстант кафето и кафето со додатоци за вкус можат да содржат глутен.

Чајот се наоѓа на листата на дозволените продукти. Во некои видови чај се додаваат адитиви за подобрување на вкусот кој во себе содржи глутен. Треба да се биде внимателен со употребата на чаевите и ароматизираните чаеви во кесичката. Многу заболени се жалеле на симптоми од реакции на глутен. Какао- дозволено е чисто какао. Супи- дозволени се сите видови домашни супи. Не се дозволени индустриски, ресторански, конзервирани супи, супи во облик на коцка или прав (може да содржат глутен).

Дозволени се јаболкова, овошна, винска и киселина од пченка без адитиви.