Диета со лимон и мед, за 3 дена – 3 кг

[tps_title][/tps_title]Доколку ја следите оваа диета, можете да изгубите 2-3 килограми за само 3 дена!

Поради големиот број на хранливи материи, медот треба да се консумира секој ден, а каков е за држење диета – дознајте сами! Нутриционистите советуваат  пред почетокот на диетата да набавите и користи мед со докажан квалитет, а приоритет му е даден на темните видови мед.

Ако ја следите оваа диета, можете да изгубите 2-3 килограми за само 3 дена!

Првиот ден

Појадок : 2 жолчки се мешаат со лажичка мед. Со оброкот, пијте чај со лимон или кафе (без шеќер).

Ручек : 100 гр. сирење  + 50 гр. варен морков + 50 гр. варена брокула + 50 гр. варен карфиол. Сето ова  во блендер и  направете крем. Додаток – чај или кафе со 1 лажичка мед.

Вечера : чаша супа од зеленчук, едно парче интегрален леб и 1 јаболко / круша / портокал.

Пред спиење,  напијте се чај со лимон.

Вториот ден

Појадок : исто како првиот ден.

Ручек : Направете крем од едно меко варено јајце една лажица мед и 100 г  младо сирење. Со оброкот, пијте чај со лимон чај или кафе.

Вечера : 150 гр. риба или пилешко филе, една мала чинија на салата од зеленчук  и чај со лимон.

Третиот ден

Појадок : Исто како првиот ден плус јаболко.

Ручек : 50 гр. сирење, едно парче  ‘ржан леб и една чинија свеж зеленчук со сок од лимон.

Вечера : 300 гр. варен зеленчук, едно меко варено јајце и една чаша чај со лажица мед.

Забелешка : Секој ден задолжително се јаде половина лимон!