Изгледот на вашата кожа и коса ја открива вашата здравствена состојба (1 дел)

Дали Вашата коса се обидува да ви каже нешто за Вашето здравје? Можеби. Некои состојби и лекарства влијаат на Вашето тело но и на Вашата коса. Во други случаеви, можеби ќе биде само потребно повеќе да се грижите за косата и скалпот. Погледнете ги следните насоки кои ќе ви ги дадеме за да ги одвоите митовите од фактите кога е во прашање здравјето и косата.

Првутот не претставува ризик за здравјето  

Првутот не е заразен. Тогаш како го добивате? Докторите не се сигурни, но сметаат дека тоа е резултат на зголемен раст на габи. Други можни причинители можат да бидат мрсна кожа, стрес, гојазност, ладно и суво време и постоење на егзема или псоријаза. Иако е непријатен, првутот е безопасен.

Совети за справување со првутот  

За да го намалите создавањето на мртвата кожа т.е појавата на првутот, користете шампон против првут секој ден. Оставете го шампонот да делува 5 минути, а потоа исплакнете. Можеби ќе биде потребно да пробате неколку брендови на шампони против првут додека го најдете оној кој е правиот за вас. Ако еден тип на шампон престане да делува, веднаш заменете го со друг. Ако оваа постапка не помага тогаш консултирајте се со лекар.

Жолт првут?  

Ако парчињата првут што ги гледате се мрсни и жолти по боја, можеби имате себороичен дерматитис. Тоа претставува воспалителна состојба на кожата која може да се јави на места каде што има голем број на жлезди како што е скалпот и лицето. Иако себороичниот дерматитис е поврзан со хормоните, габите и дури со некои невролошки проблеми, се лекува исто како и првутот – со шампони против првут. Тешките случаеви на себороичен дерматит можеби ќе побаруваат и лекување со стероиди и антигабични лекови.

Може да ви паѓа косата повеќе отколку што мислите  

Не е некоја точна мерка, но некои експерти пресметале дека дневно губиме и по 100 влакна. Тоа не е причина за аларм, ниту пак значи дека ќе оќелавите. Околу 90% од вкупно 100 000 фоликули продуцираат коса во секое време. Другите 10% се во таканаречената фаза на одмор или телогена фаза и таа коса отпаѓа по 2-3 месеци, се заменува со нова коса и циклусот на растење почнува одново.

Што го предизвикува паѓањето на косата?  

Шоковите кои може да бидат приредени врз вашиот систем – операција, породување, лекарства, строги диети, тежок стрес, проблеми со тиреоидната жлезда – можат да ја стават Вашата коса во телогена фаза или фазата на одмор. По два месеца од настанот можете да забележите зголемено паѓање на косата и проретчување – состојба која се нарекува телоген ефлувиум. Во повеќето случаеви косата ќе почне да расте за брзо време.