Еуфоријата за накитените новогодишни елки неизнадно осамна и на социјалните мрежи, па веќе со денови, како мали деца се радуваме на големите лампиони, украсните машни и разнобојните сијалички. Кога веќе дома и најдовте удобно катче, ја сместивте и накитивте, зошто па да не си ја разубавите и канцеларијата или некоја од останатите простории во домот? Ова мало „пакување радост“ е доволно за да го вметне новогодишниот дух дури и во ѕидовите.
Еве што ви е потребно:
- Пластична саксија
- 4 силни јажиња од 1m.
- Акрилна боја по избор
- Бормашина
- Четка за боење
- Маркер
- Метро за мерење
- Самолеплива лента со шара по избор
- Бор (елка)
- Измерете го обемот на саксијата и на подеднаква одалеченост, обележете 4 точки.
- Со бормашината направете дупки според обележаното.
- Украсете ја саксијата по избор, користејќи ја акрилната боја и самолепливата лента.
- Потоа, врзете јазли кај секоја дупка, како на сликата.