Диетални домашни кекси, совршени за секоја диета

Состојки:

  •  8 лажици ладен путер,
  •  еден филџан интегрално брашно,
  •  еден филџан пченично брашно,
  • 2 ¼ лажички прашок за печиво,
  • 1/4 лажичка сода бикарбона,
  • 1/2 лажичка сол,
  • 3/4 филџан млеко,
  • 1 ½ лажица сусам.

ПОСТАПКА:

1. Загрејте ја рерната на 250 ° C. На  тавата ставете хартија за печење или тавчето лесно намачкајте го со масло.

2. Во мало тенџере загрејте 2 лажици путер и оставете го настрана. Други 6 лажици исечете ги на помали парчиња.

3. Во еден сад, измешајте ги заедно интегралното брашно, пченичното брашно,солот, сода бикарбона и  прашокот за печиво. Додадете путер и мешајте додека не добиете тврда смеса. Додадете млеко и нежно промешајте ја смесата .

4. Ставете го  тесто на побрашнета маса и месете полека неколку секунди. Расукајте го тестото на дебелина од околу 2 см и со чаша отстранувајте ги круговите кекс.

5. Ставете ги кексите на хартија за печење,со четка премачкајте ги со путер кексите . На секој кекс ставете сусам. Се пече 12-15 минути на средна температура додека не добијат светло кафена боја. Служете ги  топли.

  • Порции: 10,
  • Подготовка:12 минути,
  • Печење: 15 минути,
  • Вкупно:27 минути.