Диетата на данците можете да ја започнете кој било ден во неделата, но не се препорачува тоа да биде недела. Диетата трае 13 дена и е прилично тешка но докажано ефикасна.
Не станува збор за типична диета туку повеќе начин да се поттикне организмот побрзо да ги согорува мастите и да го исфрла вишокот на течности, и токму поради тоа диетата продолжува да делува и по завршувањето на програмата од 13 дена. Ако правилно се придржувате на диетата можете да го изгубите вишокот на телесни маснотии и тоа, во зависност од почетната тежина, во распон од 7 па до неверојатни 20 кг!
Планот за исхрана мора да се следи точно 13 дена и мора да се придржувате на намирниците и оброците како што се наведени. Не треба да се консумира ништо надвор од листата.
Ако во текот на диетата на пример испиете едно пиво или чаша вино, џвакате гума за џвакање или јадете некоја храна која што не е наведена, морате веднаш да ја прекинете диетата бидејќи нема да имате никакви резултати. После тоа диетата може да се повтори дури по 6 месеци, никако порано.
Ако правилно сте ја издржале диетата, точно 13 дена, не треба да ја повторувате најмалку една година, но се препорачува да не ја повторувате во следните две години.
Кога ќе почувствувате глад напијте се вода (најмалку 2 литра дневно).
Кафето може да се замени со чај.
Морате да користите шеќер во коцки, како што е наведено.
Скоро секој ден се јаде посебна салата така што можете да ја подготвите и за неколку денови однапред.
Салата
Исечете: 1 килограм моркови, 1 кг. бела зелка, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 1 праз.
За прелив: 1 дл. масло, 1/2 дл. јаболков оцет, 1/2 лажичка шеќер, 1/2 лажичка сол.
Измешајте ги убаво сите состојки и прелијте ги преку салатата. Оставете да отстои еден час. Промешајте повремено. Салатата можете да ја чувате во соодветен пластичен сад во фрижидерот, најмногу до една недела. Ако е за едно лице, тогаш е доволна и половината од горе наведената количина.
Распоред за исхрана
Ден 1
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 2 тврдо варени јајца, спанаќ варен во вода, 1 домат
Вечера – 1 голема шницла (230 гр.), салата
Ден 2
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 парче шунка, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 голема шницла, салата
Ден 3
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 тврдо варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 4
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 1 литар џус, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 гр. младо сирење
Ден 5
Појадок – 1 голем изрендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена риба (бакалар, шкарпина, околу 230 гр.) со лимон и малку путер
Вечера – 1 голема шницла, салата, варен целер
Ден 6
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 варени јајца, една голем изрендан морков
Вечера – 1/2 пиле на ражен без кожа, салата
Ден 7
Појадок – 1 шолја чај без шеќер
Ручек – НИШТО
Вечера – 1 јагнешки котлет на жар, свежо овошје
Ден 8
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 9
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 големо парче шунка, 1 шолја јогурт
Вечера – 1 голема шницла, салата, овошје
Ден 10
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 11
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 1 литар џус, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 гр. младо сирење
Ден 12
Појадок – 1 голем изрендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена риба со лимон и малку путер
Вечера – 1 голема шницла, салата, варен целер
Ден 13
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 варени јајца, една голем изрендан морков
Вечера – 1/2 пиле на жар без кожа, салата