Еве како сама ќе ги избелиш флеките од сонце на лицето

Кога би ги немала оние темни флеки на лицето, твојата кожа би била совршена. Се прашуваш каде грешиш, особено што ти си од оној тип на луѓе кои на плажа по цел ден седат под чадор, а СПФ ставаш и во зима.

Го чепкаш ли лицето?

Можеби не знаеш, но сонцето не е единствениот фактор што ги предизвикува темните флеки по кожата. Со хиперпигментација многу често се соочуваат оние кои имаат навика со часови да го трауматизираат лицето стискајќи акни или митереси и кај што ги нема.

Можеби си опседната со митесерите, можеби го стискаш лицето кога си под стрес, без разлика на мотивот, секоја физичка траума на кожата резултира со повреда која на почеток е црвена, па постепено почнуваа да темнее, да се лупи и на крај останува една навидум светла флека што уште толку ќе потемни при првиот контакт со сончевите зраци.

По учебник, хиперпигментацијата се должи на следните фактори:

Воспаление

Промените со кои се соочува кожата како акни, егзема, убоди од инсекти, посекотини, гребење или енергично триење на кожата, може да предизвикаат воспаление. Кога кожата се соочува со воспалителен процес, клетките кои лачат пигмент работат со полна пареа, оставајќи темна флека зад секоја навидум излекувана траума на кожата. 

Изложување на сонце

УВ зраците од сонцето ги провоцираат клетките да лачат повеќе меланин. Меланинот е оној што ти го дава тенот. Она што ти го нарекуваш сончање, кожата го регистрира како уште една траума од која се штити лачејќи меланин. Но, кога изложувањето на сонце е често и претерано, клетките не можат да постигнат да ја одбранат кожата од сонцето, па темните флеки неизбежно се појавуваат. Колку и да се безопасни и да не ти пречат во моментот, мораш да го контролираш нивниот број и промени, особено ако имаш навика да се печеш на сонце. Неколку темни точки на носот се симпатични, но прекумерниот број со различен дијаметар и интензитет на боја, оставаат впечаток на истрошено и недоволно негувано лице.

Мелазма

Мелазмата е состојба која се врзува со бременоста, но и мажите не се имуни на овој тип на хиперпигментација. Мелазмата настанува како резултат на истовремено делување на следните фактори: УВ изложување, хормонски промени, генетика, а во некои случаи и орална контрацепција. Според најновите истражувања, мелазмата се должи и на штетните честички во воздухот кои продираат во кожата и ја слабеат нејзината одбранбена функција, па таа станува уште покревка под сонцето.

Медицински состојби и лекови

Адисоновата болест е ретко заболување при кое се нарушува функцијата на надбубрежната жлезда при што доаѓа до зголемена продукција на меланин, а под негово дејстви се јавува мелазма. Истражувањата покажуваат дека одредени лекови како антибиотици или хемотерапија исто така водат до мелазма.

Што препорачуваат дерматолозите?

Во денешно време постојат низа производи и салонски третмани посветени на темните флеки, но она што секој дерматолог ќе ти го препорача е витаминот Ц. Не само што е целосно безбеден за домашна употреба, туку витаминот Ц во облик на серум како оној на Dr. Viton, содржи доволно моќна концентрација да ги избели постоечките флеки и да спречи создавање нови.

Како силен антиоксидант, Dr. Viton C Serum успешно се справува со слободните радикали и штетните УВ зраци и заедно со СПФ факторот обезбедува сигурна заштита од дисколорации и создавање трајни старечки флеки. Плус, директно влијае на продукцијата на меланин и на тој начин го контролира потемнувањето.

Dr. Viton C Serum одржува постојана хидратација што е клучно во летниот период, но одличен е и за корекција на оштетеното ткиво, бидејќи поттикнува продукција на колаген – клучната градбена единица на еластичната и затегната кожа.

Dr. Viton Vitamin C Serum можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

можеш да го нарачаш онлајн на 

https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

Dr. Viton Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!