5 алтернативни начини како да се справите со акните

Акните се голем проблем од повеќе апекти. Освен што не изгледаат убаво на вашето лице, ви предизвикуваат болки, црвенила и многу влијаат врз самодовербата. Поврзани се со здравјето и исхраната од секој можен аспект. Еве 5 начини како локално да се справите со нив во домашни услови

tumblr_lxwwt09Cuw1qk27no

Сода бикарбона

  • Направете паста од 2 лажици сода бикарбона и вода. Оставете на лицето неколку минути, па убаво исплакнете
  • Измешајте 2 лажици сода бикарбона, 1 лажица цимет, сок од половина лимон и 5 лажици мед. Смесата нанесувајте ја на лицето, чувајте неколку минути, па исплакнете.

tumblr_m3rrzdZpGh1r8mh8no1_400

Лимонов сок

  • Киселината која ја содржи лимонот е убава за здравјето на кожата.
  • Ставете неколку капки лимонов сок на воспаленото подрачје и оставете неколку часа. Исплакнете

tea-tree-oil-478752_w1000

Масло од чајно дрво

  • Маслото од чајно дрво го смирува воспалението и црвенилото на вашата кожа и ги дезинфицира порите. Користете масло од чајно дрво 3 пати дневно на акните.

tumblr_m58bqwHzA71rqytqa

Алое вера

  • Гелот со алое вера има антивоспалително дејство и е одлично решение кое ќе ве ослободи од акните за само неколку дена
  • Гелот од алое вера ги третира позитивно и лузните настанати од акни.

orange-peel-cure-dark-underarms

Кора од портокал

  • Излупете ја кората од портокал и оставете ја на сонце да се исуши
  • Смелете ја во вид на прав и измешајте ја со вода за да направите паста.
  • Ставете ја пастата на акните, оставете 10-15 минути и исплакнете со млака вода.