7 неверојатни придобивки од куркума!

Коренот од куркума е неизбежен дел во јужноазискиот и индискиот кулинарен свет. Со својата живописна златна боја и богат вкус, претставува клучна компонента во многу јадења. Но, таа е многу повеќе од несекојдневен зачин со силен вкус.

Куркумата содржи куркумин, корисна состојка која се употребува за медицински цели од дамнешни времиња па до ден денес.

Придобивките од овој моќен корен биле познати во Индија уште пред новата ера, но денес куркумата ужува популарност во целиот свет, бидејќи и науката ги потврди нејзините 7 клучни придобивки:

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Делува антивоспалително

Хроничните воспаленија водат до сериозни заболувања како дијабетес, рак, кардиоваскуларни болести и Алцхајмерова болест. Истражувањата покажаа дека куркуминот, состојката во куркумата, поседува антивоспалителна моќ да ги поттисне молекулите кои играат клучна улога во воспалението.

Го зголемува антиоксидантниот капацитет на организмот

Оксидативниот стрес е главниот механизам зад секоја болест. Истиот настанува кога слободните радикали го напаѓаат телото со цел да ги уништат здравите клетки. На овие слободни радикали единствено можат да им се спротивстават антиоксидантите. Куркуминот во куркумата е моќен антиоксидант кој го неутрализира дејството на слободните радикали, но ги активира и останатите антиоксиданти во телото. 

Го намалува ризикот од срцеви заболувања 

Срцевите заболувања се екстремно комплицирани и многу фактори ги поттикнуваат, но и го комплицираат крајниот исход. Она што се знае за куркумата е дека може да влијае на низа чекори кои водат до срцево заболување. Од старт делува антиоксидативно врз слободните радикали кои поттикнуваат воспаление, но ја одржува и функцијата на крвните садови, па протокот на крв тече непречено, без застој, без згрутчување и без покачување на крвниот притисок. 

Ја ублажува депресијата

Постојат докази кои укажуваат на тоа дека куркуминот во куркумата може да помогне пациентот да се справи со депресивните емоции. Иако експлицитно не е третман за депресија, куркуминот поседува антидепресивни својства што може да влијае на напредокот при големите депресивни нарушувања и да ги зајакне другите антидепресивни третмани.

Спречува настинки и вируси

Куркуминот може да се пофали со импресивни антивирусни својства кои можат да се борат против низа болести, од досадни лесни симптоми до посериозни инфекции на инфлуенца. Една студија покажала дека куркуминот го забавува прогресот на вирусната инфекција така што ги штити здравите, незаразени клетки.

Ја одржува кожата здрава

Бидејќи поседува моќни антиоксидативни својства, овој зачин може да се бори со темните дамки и брчките и останатите штети на кожата предизвикани од сонцето. Наоѓа примена и при лекување на останати нарушувања поврзани со кожата, како што е егзема и псоријаза, заздравување од лузни и контрола на себумот на кожата.

Ја одржува функцијата на мозокот

Научните студии изведени врз животни покажале дека куркуминот го зголемува нивото на мозочниот хормон одговорен за раст на нови неврони. Зголемениот број на неврони во мозокот, во пракса, значи подобрена меморија и фокус. На долг рок, куркумата помага во борбата со различните дегенеративни процеси во мозокот поттикнати од годините и животниот стил.


Пробај уште денес!

Нарачај San Sebastian Turmeric – Curcumin онлајн: https://alfalab.mk/proizvodi/kurkuma/

Продажни места:
Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Нарачки на телефон: (02) 3218-821
Секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)