Хороскопска диета: Лав

Лавот е кралски знак поврзан со сонцето, планетата на лидерство, а тоа значи дека го сака најдоброто од сè.

Сакате да јадете надвор од домот и да организирате вечерни забави. Живеете за моментот и не се’ занимавате премногу со оние притаени екстра килограми . За среќа, вашата гордост ќе ве натера да престанете да ја зголемувате тежината затоа што мразите да сте надвор од контрола. Како огнен знак, имате убава градба и пополнувањето на вашиот ден со забавни активности ќе ви помогне да ги „изгорите“ калориите.

Храна

Ви се допаѓаат силни вкусови и богата храна. Наградете се себе си, кога ќе ја постигнете целта со нешто што не е храна, како убав парфем или скап накит.

Пријателска храна

Лосос, салати, суво овошје и лимони.

Не-пријателска  храна

Стекови во богат сос.

Диети

Вашето лидерство го прави тешко прифатливо за вас да прифатите нечии други правила – треба да почувствувате дека сте вие главни. Вие би можеле да бидете доведени во искушение од страна на диетите по правилата од славните личности , но најдобро е да се држите настрана од нив, освен ако не се плански базирани врз основа на безбедни принципи и свежа храна.

Вежба

Затоа што сте супер-активни, ви треба нешто редовно и интензивно за да се чувствувате исполнети. Внимавајте на согорување, иако, вие одеднаш ќе го изгубите целиот ентузијазам и ќе колабирате . Употребете го вашиот натпреварувачки карактер со тоа што ќе имате цели и задачи.