ЗВУЧНА КУПКА и Медитација во Delfy Spirit

Во студиото Delfy Spirit овој викенд 13 и 14 мај, ќе се одржат три настани под водство на Маја Добрила Вукша…еден од тие настани е Звучната Купка.

Звучната купка е можност за потполно опуштање, исцелување на сите нивоа, проширување на свеста и регенерација на целиот енергетски систем. За време на звучната купка се влегува во состојба на длабока опуштеност каде се бришат границите на времето и просторот. И додека така пловите на брановите на звуците, имате можност за влез во бесконечниот океан на мирот, блаженството и љубовта.

Се користат различни инструменти, како хималајски кристални звучни чинии, гонгови, гонг, коши ѕвона и школки. Ова искуство им помага на слушателите да искусат едно патување длабоко во својата душа.

Маја Добрила Вукша од Белград гостува веќе трет пат во Македонија, но овој пат звучната купка ќе биде проследена со медитацијата “Внатрешна насмевка”. Додека Маја ги произведува звуците на гонгот, медитацијата ќе ја води Катерина Анѓеловиќ, сопственик и јога инструктор во студиото за јога Делфи Спирит. Благодарение на водството во медитацијата ќе бидете воведени во внатрешните слоеви на вашето битие на којшто начин ќе ја спречите тенденцијата на умот да залута и свесно, со буден ум ќе ги апсорбирате исцелувачките звуци на гонгот и бенефитите од оваа медитација. Бидејќи медитацијата ќе биде во насока на исцелување и регенирирање на внатрешните органи, искористете ја оваа прилика на две во едно заради поефикасно постигнување на саканите резултати.

Не ви е потребно никакво предзнаење, ниту пак посебна подготовка пред настанот, само треба да се препуштете на звуците, гласот на инструкторот и дишењето.

Како изгледа една ЗВУЧНА КУПКА?

За време на звучната купка, учесниците лежат на под или се во удобна седечка положба и се релаксираат слушајќи ги звуците од различниот спектар на инструменти. Повеќето луѓе ги затвораат очите и одат на внатрешно патување до својата душа. Општо земено се постигнува длабока состојба на опуштеност и не е невообичаено некои луѓе да заспијат. Но и во тие случаи звучната купка и инструкциите од медитацијата подеднакво делуваат на вашиот психо-енергетски систем.

Што да понесам со себе за време на ЗВУЧНАТА КУПКА?

Удобна и топла облека во која добро ќе се чувствувате и отворен ум за едно ново искуство. Во студиото имаме простирки и ќебиња, меѓутоа можете да си понесете и сами прекривка ако сте зимурливи, затоа што бројот на ќебенца е ограничен.

Која е Маја Добрила Вукша?

Маја Добрила Вукша ги слушала звуците на пијаното уште во стомакот на нејзината мајка. Нејзината мајка дипломирала пијано на Музичка Академија кога била во седмиот месец од бременоста со Маја.

Маја дипломирала на отсек пијано на Музичката Академија во Загреб, свирела во различни ансамбли, била корепетитор во работа со оперски пејачи и актери, работела како професор по пијано во средно и основно образование. Покрај свирењето таа се занимавала и со современ танц, балет, стомачен танц, а била и изведувач и автор на различни танцови и сценски дела.

Ја завршила Школата на исцелувачкиот звук “GongMouse” во Белград и учествувала на Гонг Караванот за Мир, каде со 30 луѓе од 20 земји живеела, патувала и го создавала искуството на Светиот Звук.

Маја е мајка на два сина и е среќна жена. Живее во Белград и води звучни купки и обуки за инструктори по смеја јога. Маја е Moon Mother, Дула, инструктор за јога за трудници и учителка по Смеа Јога.

 *Пријавувањето е задолжително поради ограниченоста на просторот. Резервирајте си место преку порака во инбокс на страницата на студиото, или на телефон: 075 436 070.

** Котизација:  300 денари

Сè што е живо вибрира. Секоја наша мисла, секое наше чувство и секое наше физиолошко делување во телото има специфична вибрација, која можеме да ја преведеме во “музика”. Секој од нас е инструмент, кога сме здрави и со внатрешен мир, музиката која ја шириме по светот, е хармонична и убава. Кога инструментот на нашето битие од некоја причина ќе се расипе, лесно со помош на звучно-вибрациското поле на гонгот можеме повторно да го хармонизираме.

Текстот го подготви инструктор по јога и лајф коуч тренер
Катерина Сековска – Анѓеловиќ.
Контакт телефон: 075 436 070
Facebook: Joga Studio Delfy Spirit

* Информирајте се и за другите настани : Обука за Јога Смеа инструктори & Круг на сестри- будење на женската енергија на официјалната фејсбук страна на Joga Studio Delfy Spirit