Во потрага си по нов ефикасен начин за справување со стресот? Почни да медитираш!

Дали знаеш дека само неколку минути поминати во медитација може да го возобноват твојот внатрешен мир и благосостојба?

И тоа не е нешто неочекувано, бидејќи луѓето медитирале уште од многу дамнешно време за да постигнат длабок степен на релаксација и за да си го смират умот.

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Во денешно време, медитацијата често се употребува за опуштање и за намалување на секојдневниот стрес, бидејќи нејзиното редовно практикување носи повеќе придобивки:

  • Стекнување на вештини за менаџирање на стресот
  • Промовирање на самосвесност
  • Фокусирање на сегашниот момент
  • Намалување на негативните емоции
  • Зголемување на трпението и толеранцијата

Но, што е тајната на медитацијата што ја прави толку ефикасна во борбата со стресот?

Прво, медитацијата бара од нас целосно фокусирано внимание на едно нешто, како специфичен објект, збор, фраза, мантра, слика, и најважно од се, сопствениот здив.

Фокусирајќи го на овој начин нашето внимание, на одредено нешто, ние всушност му помагаме на нашиот ум да престане да размислува за сето она што не вознемирува и ни предизвикува постојан стрес.

Целиот наш фокус се свртува само кон сегашниот момент во кој сме присутни и постоиме, без да се оптеретуваме со какво било размислување и калкулации за минатото, сегашноста или иднината, и тоа само по себе смирува.

Дишењето, може да се каже дека е најважниот дел од секоја медитација, а без дишење всушност нема ни живот.

За време на медитацијата, потребно е да го пратиме сопствениот здив, да бидеме свесни за него, и спонтано без да ги силиме работите да се фокусираме на процесот на вдишување и издишување.

Најчесто се препорачува да се дише полека и длабоко, и ако приметиме дека вниманието ни се губи и мислите почнуваат да шетаат насекаде, полека и внимателно треба да се обидеме да си го вратиме вниманието на нашиот здив.

Повеќето медитативни практики, вклучуваат и употреба на мантра, која е потребно да се повторува за време на праксата.

Според некои, дури и молитвата е форма на медитација, и полезно е да се практикува редовно со кажување на сопствени зборови или со читање или повторување на веќе познати молитви.

Постојат повеќе медитативни техники, но заедничко за сите нив е што целта е постигање на внатрешен мир.

На пример, водената медитација (или визуелизација) те охрабрува да формираш ментални слики, односно визуелно да замислуваш места или ситуации кои кај тебе ќе поттикнат убаво чувство и релаксација. Низ ваквиот тип на медитација потребно е да се пратат советите од оној којшто ја води истата, во живо или со слушање на снимен материјал. И затоа честопати им е омилен вид на медитација на почетниците и на оние кои сами потешко се снаоѓаат во процесот на медитирање.

Мантра медитацијата, бара тивко или во себе да повторуваш за тебе смирувачки збор или фраза, и така да се одбраниш од мислите кои неминовно надоаѓаат и да го задржиш својот фокус и мир.

Мајндфулнес медитацијата, бара оној кој медитира потполно да е ориентиран и свесен за сегашниот момент итн.

И за да откриеш која техника тебе лично најмногу ти годи и од која имаш најмногу позитивни придобивки, честопати е потребно и да експериментираш пробувајќи различни практики додека да ја препознаеш онаа вистинската.

Но, можеби една од најважните работи е да запомниш дека не постои исправен или неисправен начин на медитирање и како за се што е ново и за оваа практика е потребно трпение и време.  

Медитацијата е инзвонреден начин за справување со стресот и за постигнување на бистар ум, внатрешен мир и благосостојба, но само ако се практикува смирено без создавање на дополнителна тензија од сопствните очекувања за постигнување на некаква перфекција.

Затоа биди нежен со себе, научи здраво да се справуваш со стресот и уживај во сопствениот раст и развој.

Како најбрзо да го исклучите мозокот?

Бидејќи медитацијата или целосното исклучување од надворешниот свет не е лесно да се направи колку што е лесно да се каже, постои и далеку подиректен начин да го исклучите мозокот. 

Се што ви треба е комбинацијата на Dr. Viton Magnezan B6 или магнезиум и најбараниот витамин од Б групата, кои ќе го релаксираат секој нерв во надразнетото тело. Лутината, тензијата, негативните емоции кои го блокираат мозокот, но и секојдневнието, ќе станат минато благодарение на овие две. 

Dr. Viton Magnezan B6 е природна, но брзо делувачка формула која помага да го држиш под контрола нивото на кортизол. Во ситуации на стрес, надбубрежните жлезди лачат уште повеќе од овој хормон кој може лесно да доведе до состојба на анксиозност, хроничен замор, депресија, па дури и да го загрози срцето.

Што значи, еден час пред сесијата по медитација, напијте се Dr. Viton Magnezan B6 за да го подготвите телото да замине на среќниот остров.

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во dm дрогериите, Cosmo-Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)