Постои причина зошто Витамин Ц серумот стана толку популарен: Витаминот Ц е моќен антиоксидант со неверојатни бенефити за кожата. Ја поттикнува циркулацијата, ја избелува кожата, помага во лекување на штетите на површината на кожата, ја стимулира продукцијата на колаген па дури и влегува во директен конфликт со слободните радикали кои предизвикуваат ситни линии и брчки.
Најдобро од се? Витаминот Ц одговара на сите типови кожа.
Кога ефектите се неспорни, останува прашањето што многумина ги збунува: Кога е паметно да се користи Витамин Ц – само наутро, само навечер или наутро и навечер? Ајде да дискутираме!
ЗОШТО ПРЕКУ ДЕН?
Витамин Ц серумот се одликува со лесна текстура и плус брзо се апсорбира, токму затоа е одлична подлога за хидратантен крем, шминка или кој било друг производ кој спаѓа во вашиот режим за нега. Поради големата заштита што ѝ ја нуди на кожата, особено во однос на сонцето, логично е витаминот Ц да се нанесува преку ден. Многу дерматолози препорачуваат да се нанесува наутро, со цел да ѝ обезбедите на кожата заштита од слободните радикали кои се најактивни преку ден. Ако одберете утринска дружба со Dr. Viton Vitamin C серумот, не заборавајте после него да нанесете крем со СПФ 30 или повисок фактор, кој штити и од УВА и од УВБ зраци.
ЗОШТО НАВЕЧЕР?
Ако го прескокнете преку ден, никако не прескокнувајте го пред легнување! Телото, вклучувајќи ја и кожата, го стартуваат процесот на обнова штом поклопите очи. Затоа, Витаминот Ц ќе има најсилно влијание во ноќните часови. Кожата поефективно ќе го апсорбира витаминот ако претходно ја исчистите, уште подобро ако ѝ нанесете маска. Бидејќи одамна научивме дека во кревет не се оди со шминка, логично е после чистење на лицето, следен чекор во ноќниот режим да биде серумот со витамин Ц. Единствено, со ноќно аплицирање на Витамин Ц серумот го намалувате ризикот од фотосензитивност, иако, и оваа состојба лесно ќе ја контролирате со СПФ фактор.
КАКО Е ПРАВИЛНО?
Нема да погрешите ако нанесувате и преку ден и навечер, грешите само ако воопшто не нанесувате серум со Витамин Ц! Ако кожата ви е премногу сува, изгледа безживотно, без сјај, дури и виснато, а темните кругови околу очите ви се постојан моден додаток, целете на две дози од Dr. Viton Vitamin C серумот.
4 до 5 капки од Dr. Viton Vitamin C серумот се сосем покривни за цело лице. Она што ќе остане на прстите, нанесете го на вратот и деколтето. Имајте на ум дека кожата го апсорбира витаминот Ц во лимитирани количини, секоја дополнителна капка би била залудна.
Витамин Ц серумот на Dr. Viton содржи висока концентрација на Витамин Ц, а плус е потпомогнат со витамин Е, хијалуронска киселина, колаген, масло од јојоба, Л-аргинин, кои денес ќе ви ги испорачаат резултатите што ги посакавте вчера.
Dr. Viton Vitamin C Serum можеш да го купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
можеш да го нарачаш онлајн на
https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )
Dr. Viton Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!