Како масната кожа останува без вода?

Дали вие сте од оние кои имаат масна кожа? А дали сте од оние кои мислат дека серумот и останатите производи за хидратација само дополнително им го зголемуваат непосакуваниот сјај? Живеете во заблуда!

Секоја кожа има потреба за вода, вклучувајќи ја и масната. Реално, голема е веројатноста вашата кожа да е дехидрирана со оглед на температурните осцилации со кои се соочуваме, тврдата вода со која го миеме лицето, стресот, лошата исхрана и низа други фактори.

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Масниот сјај на кожата не е знак за хидратација!

Масниот сјај што го забележувате на кожата не е знак дека таа е хидратирана. Напротив, премногу сјајната кожа е индикација за недостиг на вода. За да го разберете ова неопходно е да ја запознаете анатомијата на вашиот најголем орган.

Масниот сјај е всушност себум или онаа восочна супстанца што се чувствува и под прсти. Себумот го лачат лојните жлезди во кожата со цел да ја одржат нејзината заштитната функција. Во случај кога лојните жлезди лачат прекумерни дози себум, кожата станува видливо масна. Вишокот себум може да се должи на низа фактори како стрес, сиромашна храна, хормонски промени, загадување, несоодветна нега. Жените несвесно сами го продлабочуваат проблемот во случај кога ја лишуваат кожата од хидратација уверени дека така ќе ја направат помалку масна. Ефектот е сосем спротивен, кожата станува жедна, а тоа доведува до дополнително лачење себум.

Зошто на масната кожа и треба хидратација?

Хидратацијата е процес при кој водата се апсорбира во слоевите на кожата како епидермисот и дермисот со цел да ја одржи нејзината еластичност и волумен. Ако вклучите серум за хидратација, нивото на себум ќе почне да опаѓа и кожата ќе стане помалку масна.

Запомнете: хидратираната кожа е здрава кожа. Без доволно хидратација кожата не само што не изгледа добро, туку нејзината заштитна функција е сериозно компромитирана. При пролонгирање на хидратацијата, кожата е изложена на поголем ризик од воспаление, инфекции, брчки и предвремено стареење.

Обезбедете и хидратација на масната кожа, но исклучиво со производ кој нема да донесе дополнителна доза маснотии. Во спротивно, ќе го загрозите интегритетот на кожата, порите забрзано ќе се затнат и акните ќе се вратат на сцена.

Ви треба конкретен предлог производ? Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот се базира на хијалуронска киселина што ќе ја надомести загубената вода, а истовремено ќе ја заклучи новата доза. Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот е збогатен и со ретинол кој делува како дермален ролер на брчките. Витамините Е и Ц ќе работат на минимизирање на штетите предизвикани од надворешните фактори кои сами по себе поттикнуваат дехидратација.

Dr. Viton – Hyaluronic Acid серумот е достапен во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!

Можеш да го нарачаш и онлајн на: 

https://alfalab.mk/proizvodi/hyaluronic-acid-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот).