Чиа семе – уште едно во низата здрави намирници кои се особено популарни периодов. Го има во сè, во солени и благи јадења или како пудинг комбиниран со шумско овошје и јатки. Има одличен и суптилен вкус и многу заситува.
Но, што е точно она што ги прави овие мали црно-бели зрнца толку посебни?
Древните култури во Централна и Јужна Америка го користеле чиа семето како извор на енергија. Токму затоа, Маите го нарекле семето „Chia“ што во превод значи „сила“.
Со менување на трендовите во исхраната и сè поголемиот број на вегани, вегетаријанци и поборници за здрава храна, чиа семето одново станува актуелно во целиот свет. Само во Германија годишно се трошат околу 664 тони чиа семе.
Нутриционистите ја нарекуваат супер-храна или храна на иднината, бидејќи чиа семето е вистински концентрат на есенцијалните омега-3 масни киселини, јаглехидрати, протеини, растителни влакна, антиоксиданти и калциум.
Содржи толку многу омега-3 масни киселини што може да служи како замена за риба. Всушност чиа семето е најбогатиот растителен извор на омега-3: содржи 30% повеќе омега-3 од лененовото семе и дури 8 пати повеќе омега од лосос.
Но, за да ги почувствуваш бенефитите од овие омега-3 масни киселини неопходно е редовно да ги внесуваш.
За таа цел, Dr. Viton ги создаде Chia Oil софтгел капсулите кои содржат 1.000 мг природно масло од чиа или двојно побогат концентрат на омега-3.
Со една капсула Dr. Viton – Chia Oil во денот, ќе го снабдиш организмот со есенцијалните омега-3 масни киселини без премногу да водиш сметка околу исхраната.
Омега-3 масните киселини му се неопходни на целиот организам тргнувајќи од мозокот, срцето, зглобовите, имунитетот и кожата.
Бенефити од растителните омега-3 масни киселини во Dr. Viton – Chia Oil капсулите:
Спречуваат предвремено стареење на кожата
Маслото во Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите содржи не помалку од 55% алфа-линоленска киселина (ALA) која е неопходна за одржување и обновување на заштитната липидна бариера на секој тип на кожа.
Кога липидниот слој е нарушен, кожата станува сува, крута, забрзано се збрчкува и станува лесно подложна на оштетување од УВ зраци.
Токму ова чудотворно својство на чиа маслото, ги прави Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите погодни и за луѓето кои страдаат од атопичен дерматит или псоријаза.
Го одржуваат скалпот здрав, а косата сјајна
Безживотната, стуткана и сува коса е знак дека надворешниот слој на косата има недостиг од вода. Чиа маслото во Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите обезбедува хидратација во кутикулите на влакното, па за кусо време косата го враќа својот природен сјај и станува свиленкава на допир.
Го намалуваат холестеролот
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите го снабдуваат организмот со доволно алфа-линоленска киселина (ALA) која сам не може да ја создаде, а која му е неопходна за одржување на стабилно ниво на холестерол во крвта. Кога холестеролот е во нормални граници, срцето и останатите витални органи се заштитени.
Го поддржуваат здравјето на мозокот
Низа студии покажале дека растителните омега-3 масни киселини го одржуваат здравјето на мозокот и го намалуваат ризикот од невролошки нарушувања како мозочен удар, Алцхајмерова болест и депресија.
Ги намалуваaт воспаленијата во организмот
Чиата е пребогата со антиоксиданти, содржи дури 2 пати повеќе од антиоксиданти од боровинките кои до пред некое време беа на врвот на листата. Антиоксидантите се клучната одбранбена војска во телото против слободните радикали кои поттикнуваат воспаленија и кои на долг рок може да предизвикаат хронични заболувања како дијабетес, малигни заболувања и срцеви болести.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсули за целосна хармонија однатре и однадвор!
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се достапни во аптекитe на: Зегин, Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс.
Можеш да ги нарачаш и онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/chia-oil/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Dr. Viton – Chia Oil може да ти ги доставиме и на твојата домашна адреса со брза пошта!