Учебната година не смее да започне без омега-3 масни киселини! Сигурно се прашуваш зошто?
Бидејќи омега-3 масните киселини се единствениот додаток кој истовремено го зајакнува имунитетот, но и мозочната функција на детето.
Наместо нервозни утра со ненаспано и нерасположено дете кое не сака да чуе да појде на училиште, искуси една поинаква школска година.
Погрижи се твоето дете да го стартува денот со една мека таблета за џвакање Dr. Viton Omega-3 Junior и уживај во редот и хармонијата во домот.
Во оваа таблета со вкус на тропско овошје е сместено природно рибино масло од норвешките мориња кое ги задоволува потребите за омега-3 масни киселини (ЕПА И ДХА) и витамин Д3.
Преку Concordix технологија, додатокот Dr. Viton Omega-3 Junior обезбедува брза и подобрена апсорпција на активните состојки за 44%.
Штом омега-3 масните киселини навлезат во детскиот организам, тие:
Го поддржуваат растот на мозокот и неговата функција
Мозокот расте со најголема брзина од раѓање па сè до 2 годишна возраст, иако развојот продолжува и во текот на детството и адолесценцијата.
Над 60% од мозокот е составен од масти, а омега-3 масната киселина DHA (докосахексаеноична киселина) е застапена со 10-15%. DHA е неопходна за развој на сензорните, перцептивните, когнитивните и моторните (нервни) мозочни системи. Се смета дека деловите од мозокот богати со DHA се одговорни за активности како што се планирање, решавање проблеми, внимание и фокус.
DHA помага да се подобри флуидноста на мозочната мембрана, што значи дека нервните импулси или пораките се пренесуваат поефикасно. Студиите покажуваат дека DHA поддржува нормален коефициент на интелигенција и е одговорна за учење и меморија.
При анализа на 7 студии за ефектот на DHA врз капацитетот за учење кај децата, 5 потврдија додека оваа омега-3 масна киселина ги подобрила училишните перформанси, особено читањето и правописот.
Ја подобруваат вештината за читање и математика
Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд ги проучувале децата кои добивале 600 мг омега-3 дневно во период од 4 месеци. Резултатите од оваа студија, наречена студија DOLAB, покажаа дека 20% од послабите деца го подобриле читањето во однос на плацебо групата и тоа за 3 недели. 10% од најслабите деца се подобриле за 1,9 месеци.
Иако се потребни повеќе истражувања за да се потврдат или отфрлат овие наоди, резултатите покажуваат дека омега-3 може да биде особено корисна за оние деца со најслаби вештини за читање и кои имаат слаби перформанси генерално.
Во друга студија во Бредфорд, каде што на учениците им се давало омега-3 рибино масло на дневна основа, ова резултирало со подобрување на читањето кај 81% од учениците, 67% во пишувањето и 74% во математиката.
Го подобруваат сонот на децата
Повеќето родители мака мачат да ги натераат децата да си легнат навреме, а кога ќе успеат во тоа, ноќта подразбира чести будења поради кошмари, трема од тест, посета на тоалетот, жед. Сето ова го нарушува квалитетот на детскиот сон, а тоа води до слаба концентрација и раздразливост во текот на денот.
Студијата DOLAB, исто така, истражуваше дали дополнувањето на исхраната со омега-3 може да има корисен ефект врз спиењето. Резултатите покажаа дека лошиот сон е значително поврзан со пониските нивоа на DHA во крвта и дека дополнувањето со DHA ви исхраната, води до намалување на бројот на ноќни нарушувања и 58 минути повеќе сон во просек.
Ја намалуваат депресија кај децата
Постојат неколку студии кои ја покажуваат ефикасноста на омега-3 за депресија кај возрасните, но депресијата кај децата станува сè почеста. Една израелска студија ги разгледа ефектите од додатокот омега-3 кај деца на возраст од 6-12 години кои страдаат од тешка депресија.
Резултатите биле фантастични, при што поголемиот дел од децата кои земале додаток на омега-3 имале 50% помалку симптоми на крајот на испитувањето, додека кај неколку деца симптомите отишле во целосно мирување.
Вашето дете може сè, но со Dr. Viton Omega-3 Junior може уште повеќе.
Dr. Viton Omega-3 Junior е најдобриот дневен поттик за брилијантни деца и успешни родители.
Олеснете им, поттикнете ги да учат со мерак, да останат фокусирани во текот на часовите, така што секојдневно ќе им давате Dr. Viton Omega-3 Junior.
Производот ќе го најдете во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и сите подобро снабдени аптеки
Mоже да го нарачате ONLINE:
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega-3-junior/
Може да го нарачате и на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!