Зошто лицето ти е магнет за сончеви флеки?

Секое лето се враќаш од одмор прошарана во лицето со флеки од сонце, па дури и акни, а другарка ти нема ниту една единствена потемна точка. Како е можно тоа? Што прави таа, што не правиш ти, особено што и двете користите СПФ фактор и тоа истиот?

Секоја кожа е различна и различно реагира на средината на која е изложена, почнувајќи од надворешните фактори како сонце, ветер, влага, кремите со кои ја негуваш, па се до храната и сонот со кои ја храниш однатре. 

Ако убаво размислиш, сонцето можеби е најпредизвикувачки фактор за контролирање, бидејќи не секогаш свети со ист интензитет, а од друга страна те зрачи и тогаш кога мислиш дека си заштитена.

За да бидеш сигурна дека соодветно си се заштитила од сонцето и дека максимално го ползуваш СПФ факторот, обрни внимание на следните сончеви фактори:

НАДВОРЕШНИ ФАКТОРИ

10:00 – 14:00 во овој период од денот УВ зраците од сонцето се најсилни, поточно кожата прима 60 % од вкупната радијација токму напладне. Оправдано, средината на денот се смета за најштетна за кожата. Прави што ќе правиш, но ако мора да си надвор, нанеси СПФ фактор, стави очила за сонце, капа и лови ги сенките.

УВ зраците пробиваат и преку стакло – Ако мислеше дека дома си безбеден, размисли одново. Безбеден си само ако не седиш покрај прозор, што значи дислоцирај се во просторијата. Но, ако те чека долг пат со автомобил, автобус или воз, преземи заштитни мерки. Во секој случај, благословен си ако работиш во затворен простор, бидејќи оние што работат на отворено впиваат 80 % од вкупната годишна радијација, а оние што работат на затворено од 10 до 20 %.

Песокот и водата го рефлектираат сонцето – Проценето е дека песокот и водата рефлектираат дури 25 % од УВ зраците, што значи изложеноста на радијацијата е многу повисока кога сте на плажа отколку кога сте на улица. Нема да го надмудрите сонцето ако се пикнете во вода, сосем спротивно, таму се поголеми шансите да изгорите. Не потценувајте го чадорот, неговата сенка ги редуцира УВ зраците за 50 % па дури и повеќе. 

Солариумот ги користи УВ зраците – Мислиш дека солариумот е безбеден начин за да дојдеш до тен? Дебатата меѓу експертите што е поштетно, солариумот или сонцето, се уште трае. Но, фактот дека солариумот емитува УВ зраци кои на долг рок може да предизвикаат и рак на кож, се уште важи.

Сонцето е штетно во секое годишно доба – Пикот на сончеви штети се случува во лето, но тоа не значи дека си безбеден кога е студено. Сончевата светлина останува да биде светлина и во есен и во зима, а истата доаѓа спакована со УВ зраци. По кој знае кој пат повтори си: СПФ фактор треба да користам 365 дена во годината! За кожата, зимувањето е исто како и летувањето, првото е дури и полошо, бидејќи снегот ги рефлектира УВ зраците за 80 %, а водата, како што споменавме погоре, само 25 %. Истото се случува и кога надвор е облачно, радијацијата се намалува само за 10 %, бидејќи УВ зраците лесно се протнуваат низ облаците.

ВНАТРЕШНИ ФАКТОРИ

Како кожата реагира на сонцето зависи од нејзината природа или типот на кожа.

ТЕН: Светлата кожа е посклона на изгореници, темната кожа е посклона на хиперпигментација.

ВОЗРАСТ: Детската и зрелата кожа е почувствителна и затоа полесно и побрзо подлегнува на сончеви штети, што не е случај кога имате 20 години кога кожата работи со целосен капацитет.

РЕГИИ: Некои регии на кожата, како онаа на лицето, вратот, деколтето, рацете и дланките, поради самото тоа што се повеќе изложени на сонце, се и посклони на штети. Разлики има и меѓу региите на самото лице на пример, носот гори прв и токму таму стартува мелазата.

ТИП НА КОЖА: Масната и кожата склона на акни, имаат сосем различни потреби во однос на сувата кожа, но СПФ факторот и витаминот Ц им се потребни на сите подеднакво. 

ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ ТИ ТРЕБА ПРОВЕРЕНИОТ СОЈУЗ: ВИТАМИН Ц + СПФ

Како еден од најмоќните антиоксиданти, високо концентрираниот витамин Ц во Dr. Viton Vitamin C серумот, ја штити кожата од загадување, УВА и УВБ зраци и слободни радикали. Затоа тој треба да биде прв чекор во твојата утринска рутина, но пред излегување задолжително нанеси и СПФ фактор.

Во летните месеци кога сонцето е посилно, нанесувај Dr. Vitamin C серум и навечер откако убаво ќе ја исчистиш кожата. Кожата најмногу се обновува додека одмараш, затоа витаминот Ц ќе ги измазни фините линии и ќе ги избели сите оние дисколорации што си ги заработила дента. Во случај да си претрпела посериозни изгореници и си ја оставила кожата без вода, тој ќе ти помогне да го обновиш оштетеното ткиво и ќе ти ја врати свежината и еластичноста на кожата. 

Dr. Viton Vitamin C Serum можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

можеш да го нарачаш онлајн на 

https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

Dr. Viton Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!