Постојано се води дискусија каде е подобро да се вежба. Некои веруваат дека единствено добро и вистинско место за вежбање е фитнес клубот, додека други тврдат дека вежбањето во природа е најдобар избор.
Фитнес клуб:
1. Тренинг атмосфера – многу важна работа, бидејќи многу луѓе не успеваат дома или во природа да се фокусираат на тренингот и следствено на тоа ефикасноста надвор од фитнес клуб е помала.
2. Многу опрема – е исто така голема предност на фитнес клубовите, сите справи и реквизити за вежбање ви се на дофат на вашите раце.
3. Контролирани температурни услови – кога сте во затворена просторија, тогаш не ви е важно дали надвор врне и дали е студено, спортските сали и фитнес клубови во текот на целата година имаат исти услови за тренинг, особено температурата и влажноста на воздухот .
Тренинг на отворено:
1.Поинаква атмосфера – многу важно прашање ако се настојува за аеробни вежби, секогаш можете да ја промените својата траса на трчање и така дополнително да се мотивирате и да ја спречите монотонијата.
2. Почист воздух – ако вежбате на терен кој не е блиску до сообраќајот во градот тоа е секако голем плус за вежбање во природа.
3. Основни (базични) вежби – кога вежбате во природа единствениот избор на вежби се базичните, имено основните вежби. Тоа е дефинитивно одличен начин за убаво и затегнато тело секако не ги наведов сите предности на едната или на другата средина за вежбање, но овие три можат во голема мера да го олеснат вашиот избор.
Што и да одберете нема да згрешите, важно е да се биде активен!