Една чаша сок од цвекло на ден може да го намали притисокот за 10 милиметри од живиниот столб, утврдено е од страна на британските научници.
Според резултатите објавени во списанието Хипертенсион нитратите од цвеклото ги прошируваат крвните садови, а тоа помага на протокот на крв. Многу луѓе со ангина пекторис употребуваат лекови на база на нитрат за ублажување на симптомите на болеста. Научниците од Бартс Хеалтх НХС Tруст и Лондонскиот факултет за медицина кои со години го проучувале влијанието на цвеклото во намалувањето на крвниот притисок предупредуваат на можните несакани ефекти од конзумирање на цвекло – боење на урината во розова.
Во природата нитрати има во земјата од каде ги црпат растенијата на кои им се неопходни за растење. Водителот на истражувањето Амрита Ахлувалиа вели дека нејзиниот тим беше изненаден од тоа колку малку е потребно нитрати за еден таков моќен ефект врз притисокот. Истражувањето беше спроведено на 15 доброволци.