ВИДЕО: Направете сами свеќи со Божиќни мотиви

Доколку сакате да ги израдувате вашите најблиски со рачно изработен подарок, наједноставно би било да направите свеќа. Свеќата можете да ја изработите во секоја боја и можете да додадете секакви декорации. Периодов актуелни се Новогодишните и Божиќните празници па така, ќе ви дадеме неколку идеи за свеќички со Божиќни мотиви.

За да изработите свеќа потребни ви се:

  • Восок за свеќа
  • Чаша/ Тегла или некој друг сад по ваша желба
  • Метален сад
  • Дрвена лажица
  • Мрсни боички
  • Фитил
  • Доколку сакате можете да додадете ароматизирано масло
  • Панделки во разни бои
  • Божиќни картички

Најпрво восокот загрејте го во металниот сад. Потребно е восокот да се стопи, а потоа додадете тенки парчиња од мрсните боички и мешајте се додека бојата се изедначи.  По желба можете да додадете ароматизирано масло.

На дното од чашата/ теглата залепете го фитилот, а потоа полијте го восокот во садот и оставете да се стврдне.

Декорирајте по желба.

Александра Малова