Топли пијалаци за студени ноќи

Додека надвор снежи, а вие седите на топло, покрај камин и огнот ви ги топли стапалата, добро друштво ви го топли срцето, потребна ви е вистинска љубов што ќе ви ја стопли душата и телото. Одлично сервирани, со шлаг и цимет, заносен мирис и јак вкус – 3 рецепти за фантастични топли пијалаци за студени ноќи.

1

Топло чоколадо и ананас

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Потребно:

  • Вашето омилено топло чоколадо подготвено со млеко
  • Водка со вкус на цимет и ананас
  • Мини маршмелоу
  • Течно чоколадо
  • Цимет за декорација

Подготовка:

Во чаша, ставете водка и топло чоколадо во однос 1:3. Постипајте со мини маршмелоу и додадете течно чоколадо и цимет.

SONY DSC

Црна цреша виски

Потребно:

  • 350мл. Млеко
  • 5 лажици прашок за топло чоколадо
  • 60мл.  Jim Beam Red Stag Black Cherry Bourbon
  • шлаг

Подготовка:

На тивок оган ставете ги млекото и топлото чоколадо. Мешајте да се стопли, соедини, но не да врие. Ставете по 30мл виски во секоја чаша.(рецептот е за 2 чаши). Додадете го топлото чоколадо, ставете шлаг и декорирајте.

hot-chocolate-dessert-bar-4

Топло чоколадо со јаткасти плодови

Потребно:

  • 250мл топло чоколадо
  • 20мл Amaretto
  • 250гр. шлаг
  • Различни јаткасти плодови за декор

Подготовка:

Направете го омиленото топло чоколадо. Ставете Amaretto и шлаг во еден сад и мешајте, а потоа додадете го врз топлото чоколадо и декорирајте по желба. (рецептот е за 2 чаши)