Секоја намирница е уникатна ризница на хранливи материи кои му се неопходни на организмот, но честопати комбинацијата на две носи изненадувачки бенефити далеку помоќни од независнотото делување.
Топла чоколада за мирен сон
Ви требаат само две состојки, мака и какао. Маката во вид на прав се добива од коренот на истоименото растение што потекнува од Перу. Таа е одличен извор на калциум, железо и витамин Б12. Kакаото е најдобриот извор на антиоксиданти и на природниот антидепресив серотонинот. Напивката од овие две делува благопријатно на нервниот систем, а го подобрува и квалитетот на сонот.
Подготовка:
Во блендер, сипете 250 мл млеко од бадем, 1/2 кафена лажица слад од урми и 1/2 кафена лажица путер од бадем. По миксирањето, сипете ја смесата во ѓезве на тивок оган да се стопли, ставете 1 кафена лажица какао и 1 кафена лажица мака и мешајте за да добиете хомогена, мазна структура.
Зелено гориво
Спанаќот полесно се вари кога е топол, тоа значи дека витамините А и К, железото, магнезиумот и фолната киселина одат директно онаму каде што му се потребни на телото. Калиумот во бананата и чилито се одлични за да го забрзате летаргичниот метаболизам во зима, помагајќи ви да согорите масти во од.
Подготовка:
Ставете ја бананата во блендер заедно со спанаќот и ½ кафена лажица чили, миксирајте додека смесата да стане мазен крем. Вклучете кое било друго овошје за да добиете подобар вкус.
Зеленчукова инјекција за детоксикација
Цвеклото е најдобриот природен прочистувач. Овој супер корен го детоксифицира црниот дроб и го обезбедува телото со железо, калиум, магнезиум, витамини А и Ц и плус антиоксиданти. Резултатот? Цвеклото ги отстранува штетните слободни радикали обезбедувајќи ве истовремено со многу енергија. Сите овие ефекти се двојно поголеми само ако додадете лимон. Ниту еден коктел не може да се натпреварува со ова!
Подготовка:
Измијте го и излупете ја тенката лушпа на цвеклото, потоа ставете го во соковник заедно со јаболката и морковите, за подобар вкус и не заборавајте го лимонот!
Овошен пунч за здрав стомак
Трите зачини во ова смуди заедно делуваат за да го зајакнат дигестивниот тракт. Циметот помага да се регулира и стабилизира нивото на шеќер во крвта, додека морското оревче и ѓумбирот го смируваат стомакот (помалку гасови и збогум дијареа). Стомакот ќе ви биде благодарен.
Подготовка:
Со помош на соковник направете природен сок од јаболки и круши. Сокот ставете го во ѓезве заедно со зачините, по половина лажичка од секој зачин, и загрејте го колку малку да се стопли. Никако не зовривајте ја напивката, бидејќи ќе ги уништите витамините.