Свежа брокула, лек & превенција од канцерогени заболувања

Броколата може значително да го намали ризикот од развој на рак ако не се уништи ензимот наречен мирозиназа – а ова може да се постигне и со лесно готвење (обарување) на броколата. Ако ја преварите тогаш здравствената корист од неа ќе биде во најголемиот дел исчезната.

Истражувачите долго време пишуваа за корисните својства на броколата, особено на одредени нејзини состојки како сулфопанот кој има против-воспалителни и анти-канцер својства.

Авторите предупредија дека потпирањето на суплементите на брокола нема да ја има истата корист како свежата брокола, ниту пак ќе има корист ако се зготви.

Колку повеќе ја готвите броколата, толку повеќе го уништувате ензимот мирозиназа, клучен ензим во формирањето на сулфопанот. Се верува дека сулфопанот не штити од бактериското оштетување во интестиналниот тракт кое подоцна може да доведе до стомачен улцер или канцер.

Состојките во броколата го намалуваат и ризикот од развој на рак на дојка и бели дробови, како и од срцевите болести.