Вежбите за зајакнување на стомачните мускули не се доволни ако сакате да ги отстраните наслагите од стомакот. Тие ќе ви помогнат да ги изградите стомачните мускули и да добиете плочки, но плочките не ќе бидат видливи под масните наслаги. Со цел да се ослободите од масните наслаги, неопходно е да се комбинираат вежбите.
Напијте се една чаша вино со вечерата, иако алкохолните пијалаци се синоним за празни калории, една студија покажа дека жените кои пијат една или две чаши алкохол на ден, помалку ја покачиле тежината и помал бил ризикот од прекумерна телесна тежина отколку кај жените кои воопшто не консумирале алкохол. Причината за ова е тоа што жените имаат тенденција да јадат помалку кога пијат алкохол, но ова не се однесува на мажите, бидејќи тие имаат напротив, тенденција да јадат повеќе кога пијат алкохол, според fitbie.
Изоставете ги стомачните
Наместо вообичаените стомачни се препорачуваат вежби за стомакот со топка за пилатес, бидејќи тие се поефикасни од стомачните. Но вежбите за зајакнување на стомачните мускули не се доволни ако сакате да ги отстраните наслагите од стомакот. Тие ќе ви помогнат да ги изградите стомачните мускули и да добиете плочки, но плочките не ќе бидат видливи под масните наслаги. Со цел да се ослободите од масните наслаги, треба редовно да вежбате и да ги комбинирате вежбите за отпор и издржливост, односно аеробните и анаеробните вежби.
Намалете го времетраењето на тренингот
Студијата од 2009 година. покажа дека луѓето кои вежбаат 30 минути дневно со брзо темпо, пет пати неделно, загубиле повеќе маснотии на стомакот од луѓето кои пет дена во неделата, вежбале по 50 минути дневно со бавно темпо, иако и двете групи потрошиле ист број на калории со вежбањето. Суштината е во тоа што, со интензивно вежбање телото ќе согори повеќе калории, бидејќи на уморените мускули им треба повеќе гориво за да се закрепнат.
Спијте повеќе
Канадските научници ја истражувале врската помеѓу спиењето и зголемувањето на телесната тежина и во текот на шест години откриле дека лицата кои спиеле 5-6 часа на ден добиле 2, 5 килограми повеќе од оние кои спиеле 7-8 часа на ден.
Консумирајте млечни производи трипати на ден
Една студија објавена во списанието International Journal of Obesitiy покажа дека лицата кои биле на диета и 12 недели секојдневно консумирале по 3 чаши јогурт, загубиле повеќе килограми отколку оние кои биле на диета, но наместо јогурт земале калциум . Лицата кои консумирале јогурт,загубиле повеќе масни наслаги токму во пределот на стомакот. Работата е во тоа што масните клетки создадат свој кортизол, што доведува до формирање на дополнителни слоеви од масни наслаги, а некои состојки на млечните производи, како што е линолеинската киселина го попречуваат тој процес.
Консумирајте јаглени хидрати
Во студијата објавена во списанието „Journal of Nutrition“ откриено е дека луѓето кои јадат повеќе интегрални житарки имаат помалку масни наслаги, вклучувајќи ги и маснотиите на стомакот, отколку оние кои јадат помалку цели зрна. Целите зрна даваат чувство на ситост подолго време бидејќи подолго се варат од обработените зрна.