Ако имате проблем со мрсна кожа или акни, обидете се да ја смените вашата исхрана и шопинг листа за купување.
Наместо млеко и сирење, некое време купувајте млеко од соја, млеко од бадем, лешник или ориз и тофу.
И покрај тоа што со векови се тврдеше дека млекото е одлично за убавата кожа, неодамнешното истражување покажува дека тоа кај жените често предизвикува зголемување на хормонот тестостерон , а со тоа – проблеми со кожата.
Поради зголемување на тестостеронот кожата дополнително се масти и често се појавуваат мозолчиња, затоа е добро барем на неколку недели да го исклучите млекото и млечните производи од вашата исхрана, предупредуваат експертите.