Исончана, одморена, освежена, среќна, се враќаш од одмор. Лицето ти блеска, немаш потреба ниту да се шминкаш, со малку кармин и маскара изгледаш совршено. Она што можат оние 10 дена годишен одмор да го направат за твојот изглед, не го може ниту еден производ.
Но, прашањето е до кога? Овој пат, убаво обрни внимание на кожата на лицето и ќе приметиш дека како тенот избелува, така на површина излегуваат нови темни флеки, брчките ти се нагласени, а лицето ти е посуво од вообичаено.
Да знаеме, користеше СПФ, но факторот за денешното сонце не е доволен! Прекумерното изложување на сонце е причината за предвремено стареење на кожата познато како фотостареење. УВА зраците се главни виновници, но дел од вината има и сината светлина што ја емитуваат екраните. Под нивно дејство, на кожата почнуваат да се формираат брчки, таа го губи својот волумен и страда од хиперпигментација.
Што е фотостареење?
Кога кожата старее пред време од причина што е прекумерно изложена на сонце. Истражувањата покажуваат дека скоро 90 % од сите симптоми на предвремено стареење се должат на УВ зраците.
Која е разликата помеѓу нормалното стареење кое доаѓа со годините и предвременото стареење поттикнато од УВ зраците.
Што се менува кога кожата старее?
Колагенот и еластинот одговорни за полноста и структурата на самата кожа, почнуваат да се создаваат во помали количини, кожата го губи својот волумен, па почнува да виси и да се формираат фини линии околу очите и устата и брчки кои само ќе се продлабочуваат.
Плус, кожата го губи својот капацитет да привлекува и да ја задржува водата, клетките лачат помалку себум, па кожат станува посува за разлика од порано.
Тенот станува неизедначен, се случува хиперпигментација или појава на темни флеки по површината на кожата на лицето.
Постојат два типа на стареење на кожата:
Внатрешно стареење
Како што старееме, така со нас старее и нашиот најголем орган, а тоа е кожата. Внатрешното стареење на кожата е всушност она што ние го нарекуваме природно старењее, против кое не можеме да сториме речиси ништо. Овој природен процес се должи на генетскиот фактор или на хормонските промени кои доста варираат во жеснкиот организам.
Надворешно стареење:
Надворешното стареење на кожата настанува под дејство на надворешни фактори како временските прилики (сонце, ветер, влажност, загадување), животниот стил (исхрана, пушење цигари, алкохол) и медицински лекови. Ваквите фактори ем можеш сама да ги контролираш, ем имаш начин како да се заштитиш од нив.
Што го предизвикува фотостареењето?
По кој знае кој пат, но нека ви се врежи во глава: СОНЦЕТО!
Клетките на кожата ги апсорбираат фотоните од УВ зраците, а тие предизвикуваат директно оштетување на клеточната ДНК. УВБ зраците се причината поради која кожата гори под сонцето, а ДНК штетите водат до низа кожни заболувања вклучувајќи и рак на кожа.
Иако овие ДНК штети влијаат на фотостареењето на кожата, сепак УВА зраците се оние кои предизвикуваат предвремено стареење. УВА зраците исто така предизвикуваат клеточна ДНА штета, но тоа го прават сосем индиректно: тие го поттикнуваат созадавањето на слободни радикали, а токму овие слободни радикали ја оштетуваат ДНК во клетките, процес познат како оксидативен стрес.
УВА зраците се помалку интензивни во однос на УВБ зраците, но тие се 30 до 50 пати поприсутни, позастапени и со релативно еднаков интензитет во текот на денот и во текот на целата година, затоа клучно е да ја штитите кожата секојдневно.
Како да ја заштитиш кожата од фотостареење?
Единствен начин да го спречите фотостареењето e да ја штитите кожата во текот на целата година, така што ќе комбинираш СПФ и Dr. Viton – Vitamin C Serum.
Витаминот Ц е клучната состојка што ти треба за да го забавиш предвременото стареење, бидејќи е моќен антиоксидант кој ги спречува слободните радикали од УВ зраците да ги оштетат клетките на кожата.
Dr. Viton – Vitamin C Serum содржи висока концентрација на витаминот Ц кој ќе ги избели флеките од сонце, а бидејќи ја контролира продукцијата на меланин ќе ја окончна и хиперпигментацијата.
Формулата на Dr. Viton – Vitamin C Serum е збогатена и со хијалуронска киселина која ќе го подобри капацитетот на кожата да ја заджи влагата, па таа ќе стане мазна, полна и сјајна.
Dr. Viton Vitamin C Serum можеш да го купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
можеш да го нарачаш онлајн на
https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )
Dr. Vitоn Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!