Тогаш колку килограми неделно треба да губите за да го одржите здравјето и да не ги вратите повторно?
Според истражувањето кое го направи американскиот Национален институт за здравје, најздрав начин за губење на килограмите е ако губите половина, до еден килограм неделно. Ако половина килограм се изедначи со 3.500 калории, па таа бројка ја поделите на седум дена, тогаш дневно треба да внесувате по 500 калории помалку.
Секако покрај внесувањето на храна, важно е и да вежбате, но имајте предвид дека овие бројки се однесуваат на просечна личност со класични прехранбени навики.
„Губитокот на килограмите мора да биде поврзан со телесната маса. Ако човек има поголема количина масти, тогаш со ваков режим може да изгуби и повеќе килограми неделно“ – вели Том Венуто, автор кој пишува книги од оваа област.
„Ако ја индивидуализираме оваа бројка, можеме да заклучиме дека секој човек неделно може да изгуби еден отсто од својата телесна маса“ – додава Венуто.