Медот може да помогне да ја намалиме зголемената телесна тежина. Да, ова не е некој нов пронајдок бидејќи и порано ова откритие беше пласирано меѓу луѓето, дека јадењето на една лажичка мед пред спиење е здраво и ги намалува килограмите.
Сепак на ова мора да додадеме и едно “но” бидејќи сите оние кои мислат дека во текот на денот ќе јадат колку сакаат и целиот ден ќе го поминат во кревет, а медот совршено ќе им ја формира линијата се во голема заблуда. Имено, според екпертите за медот пред спиење навистина да ви помогне мора секој втор ден да работите интензивна физичка работа и тоа 15 до 30 минути.
Значи секој втор ден физичка работа која ќе биде напорна и интензивна а која ќе трае најмногу половина час. Научниците велат дека секој втор ден треба по половина час да оптеретуваме различна група на мускули, за да предходните се одморат. Мускулите биле под интензивен физички напор и таа група на мускули делумно се оштетила па е потребна нивна репарација.
За време на репарацијата преку ноќ, медот потикнува специјална група на хормони кои ја вршат репарацијата разградувајќи го постоечкото масно ткиво создавајќи енергија за рапарација.
Медот ја стабилизира глукозата во крвта и секој кој што смета дека тој енормно ја покачува е во голема грешка – велат експертите. Медот е одличен за здравјето, ја одржува глукозата во крв на нормално ниво, па организамот нема потреба да ги активира стрес хормоните за надополнување на истата – додаваат експертите.