Селебрити „бјути“ тајни

Најпознатата старлета Ким Кардашијан ви ги открива нејзините тајни за совршено негуван изглед.

Прескокнете го шампонот – понекогаш

Ким ја мие косата секој втор ден, бидејќи  секојдневното миење ќе ја исуши. Сепак, еден про трик што го користи е повременото изоставување на шампон! Редовно употребува мароканско масло и маски за хидратација . “Тоа ја прави косата фантастично мека”, рече Ким.

Обликувањето на веѓите е важно

Ким признава дека долго време сама ги кубела веѓите, но потоа нејзината козметичарка конечно успеала да ја убеди да и го препушти тоа. “Еднаш кога и ја  дадов пинцетата во рака, станав опседната со веѓите. Таа работи совршено и многу уредно “, вели Ким.

Нанесете сенка како професионалец

“Прво нанесувам бела пудра околу очите, па добро го  растресувам со четка. Дури тогаш ставам сенка која  потоа ќе биде многу стабилна”.

Вистинските нијанси за вашиот тен

Ким вели дека руменило користи Narsov Blush во оргазмот, ги сака Ревлон кармините и сјаеви од Ив Сен Лоран. А, со задоволство го  сподели и овој совет на својата козметичарка : Штипнете се па образот и бојата која ќе ви се покаже на лицето е онаа во која треба да биде ружот. Откако ќе ја изберете вистинската нијанса, нема да има дилема. “Ако сакате совршен кармин со боја на месо, нека биде само за нијанса  посветол од бојата на вашите усни”, рече Ким .

При изборот на црвен кармин, пробајте сè – од темни, преку светли, до портокалово – црвени, и проверете со која боја ќе се освежи вашето лице.

Зголемете ги трепките

Нејзините трепки се секогаш истакнати и таа ги смета важни за својот секси изглед. “Ставам  слој на слој и тоа не од иста, туку од две различни маскари. Јас го користам . Lankom Doll Lashes  и M.A.C. Zoom Fast Black Lash. Од време на време, Ким става и вештачки трепки, за особено  драматичен изглед.

Темелно чистете го лицето

Нема ништо полошо отколку кога една жена за отстранување на шминка употребува влажни бебешки марамчиња, вели Ким. Така не може темелно да се исчисти кожата. Земете квалитетно средство за отстранување на шминка, а потоа задолжително  измијте ја вашата кожа со средство кое одговара на вашиот тип на кожа. Завршете го ритуалот со хидратантна крема.

Ноктите се важни

Ким редовно се грижи за ноктите во салон, но исто така сака да се грижи за нив и сама, така што секогаш во чантата има прибор за нокти . “Постојано по малку им ја поправам формата . Никогаш не ги чепкам краевите, сакам рамни нокти. ”

Нега на тело

За да направи пилинг или да го отстрани  спрејот за само- потемнување, Ким оди во корејска бања во Лос Анџелес. Дома, сепак, често  користи пилинзи на база на кафеав шеќер, кој е одличен за отстранување на мртвите клетки на кожата.

Обрнете внимание на исхраната

Ким признава дека ситуацијата со целулитот секогаш се подобрува кога ја регулира исхрана. “Ние јадеме овес за појадок, салата за ручек и пилешко за вечера”, додаде таа.