Ретинолот ги тера клетките во кожата да се однесуваат како млади, а оштетените ги заменува со нови!

Оние тенки линии што ти се појавуваат околу очи кога се смееш, епа сега се таму и кога молчиш. И не се само тие, секој ден забележуваш нови брчки на челото и околу устата, но најмногу од се те шокираше виснатиот подбрадок.

Промените на твоето лице јасно укажуваат дека твојата кожа создала потреба за ретинол – активната состојка која со неверојатна концентрација од 2.5% е застапена во новиот серум Dr. Viton – Retinox.

Ако некоја состојка го заслужува епитетот чудотворна, тогаш тоа е ретинолот од причина што докажано го забавува формирањето на брчките и сите промени на кожата кои доаѓаат со годините.

Ретинолот е најдобра поддршка за кожата после 25-тата година кога почнува да опаѓа колагенот, еластинот и хијалуронската киселина, па кожата почнува полека да попушта. Ретинолот во Dr. Viton Retinox серумот го спречува кршењето на овие протеински единици во кожата, но истовремено ја поттикнува нивната продукција.

Колку поскоро почнеш да го користиш, толку полесно ќе ти биде да ја задржиш еластичноста и полноста на кожата и речиси и ќе немаш брчки за коригирање.

Dr. Viton Retinox серумот е толку моќен што ќе ти донесе први промени за само една недела, а во рок од 3 до 6 месеци ќе стасаш до комплетно нова кожа без брчки и без хиперпигментација.

Што всушност е ретинол?

Ретинолот е форма на витаминот А кој вообичаено се користи за третирање акни и намалување на брчките. Ретинолот е еден од многуте ретиноиди – заеднички термин со кој се опфаќаат сите деривати на витаминот А.

Ретиноидите имаат различна сила и моќ, но ретинолот е најприфатен од козметичката индустрија од причина што одговара и на чувствителната кожа и е 100 % безбеден за домашна употреба.

Како ретинолот во Dr. Viton Retinox серумот го забавува стареењето?

Dr. Viton Retinox серумот не води сметка за тоа што го поттикнува стареењето, дали се тоа годините или надворешните фактори како загадување, УВ зраци, лоша исхрана, лоши навики како алкохол и цигари. Тој е фокусиран да ги намали фините линии и брчките, да ги коригира штетите поттикнати од сонце и да го изедначи тенот.

Колагенот е протеин што го создава нашето тело за кожата да изгледа млада и оптегната, како тој се намалува, така на лицето осамнуваат брчки и фини линии. Поттикнувајќи проток на крв во кожата, Dr. Viton Retinox серумот ја зголемува продукцијата на колаген, па кожата однатре се задебелува, се пополнува, а однадвор се оптегнува и измазнува.

Студијата од 2000-тата објавена во Journal of Investigative Dermatology, го проучувала ефектот на ретинолот врз старата кожа меѓу 53 учесници на возраст од 80 години и нагоре. Истражувачите заклучиле дека ретинолот за само 7 дена успеал да го спречи кршењето на колагенот и да ја зголеми продукцијата на колаген во кожата.

Дај му шанса на Dr. Viton Retinox серумот, со тоа и даваш шанса за нов живот на твојата кожа. Првата недела дозволи и на кожата да се навикне на состојката, па користи го секоја 2 ноќ. Ако забележуваш дека кожата одлично го поднесува Dr. Viton Retinox серумот така што нема иритации и црвенило, слободно нанесувај го секоја ноќ.

Првите промени ќе ги забележиш после 1 недела, првите комплименти за твојата обновена кожа ќе ги чуеш после 3 до 6 месеци. Но, имај на ум дека тоа е само првата добиена битка со немилосрдниот процес на стареење! Борбата со годините и надворешните агресори е вечна, затоа Dr. Viton Retinox серумот е арсеналот што секогаш треба да го имаш со себе.

Годините не и можат ништо на твојата вродена убавина со Dr. Viton Retinox серумот!

Dr. Viton Retinox Serum можете да го нарачате онлајн:

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-retinox/

Dr. Viton Retinox Serum може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин, во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)