Подметнувачите се секогаш добра идеја, од повеќе причини. Но, за да не бидат само уште еден практичен детал на масата, дозволете си да им ставите посебен белег. Ако можеме да ги „облекуваме“ шолјите за кафе и чај во топли плетени прекривки, можеме и да ги направиме подметнувачите уште поинтересни. Уште една причина плус да уживате во топло какао.
Потребни материјали:
- Глинамол
- Ткаенина со омилената шара
- Силно лепило
- Хартија за печење (тоа ќе ви биде работна маса, да не се лепи глинамолот.)
- 4х4 картон
- Нож
- Ножици
- Стара четка за боење
- Сукало
Подготовка:
Најпрво поставете ја хартијата за печење. Работете со глината, на сличен начин како со тесто, а потоа истенчете ја и со помош на претходно обликуваниот картон во посакуваната големина, исечете ја глината. Потоа оставете ги подметнувачите да се сушат. Додека тие се сушат, вие исечете ја ткаенината 2цм. подолго од подметнувачите од глина. Кога потполно ќе се исушат, ставете лепило и залепете ја ткаенината за подметнувачот. На задната страна може да додадете налепници, да не се лизгаат подметнувачите