Неколку начини како да се заштитите од дијабетес

Тивката епидемија со која целиот запад, а особено САД се борат, полека но, сигурно станува дел и од нашето секојдневие. Очигледно, неуспеваме да направиме успешна селекција на тоа што е добро, а што не треба да преземеме од западните земји, па  еве и предозирањето со храна и шеќери, ползи кон земјите од Балканот. Дијабетесот како свој „привезок“ ја носи во некои случаи и дебелината, па заедно предизвикуваат срцеви и канцерогени заболувања. Може да дојде и до откажување на бубрезите, напади и деменција. Ова е, за жал една од оние „со здравје да си ги носите“ болести. Но, за оние кои сѐ уште не се дијагностицирани со дијабетес тип 1 или 2, еве неколку начини како да се заштитите:

Намалете на шеќерот. Исхрана со калории, шеќер кој лесно се апсорбира, пијалаци полни со шеќери и преработени јаглени хидрати – совршен рецепт за дијабетес. Овој начин на исхрана создава високи нивоа на инсулин што води до отпорност. Освен тоа, со дијабетесот се јавуваат и високиот крвен притисок, ризик од рак и депресија. Што да направите? Намалете или потполно исфрлете го ваквиот шеќер од исхраната.

Користете непроцесирана храна одцели зрна. Ваквата храна (природна, органска) го конторлира балансот на шеќер во крвта, го намалува воспалението и ја подобрува детоксикацијата на црниот дроб. Одберете разнобојно овошје и зеленчук, житарки, омега 3 масни киселини, путер од кокос, маслиново масло и семенки.

Обезбедете ги вистинските хранливи состојки. Суплементите ја зголемуваат осетливоста на клетките на инсулин. Комбинирани со вистинската исхрана, ќе го балансираат нивото на шеќер во крвта.

Вежбајте. Не мора да поминувате неколку часа во теретана. Доволна е само 30 минутна прошетка.

Наспијте сѐ.  Не доволно количество сон го руши вашиот метаболизам како кула од карти. Лошиот метаболизам значи слаб имунитет, слабо здравје и слаба срцева работа. Недостатокот на сон води до желба за храна, што го иритира инсулинот и води до појава на дијабетес. Нека 8те часа сон во текот на ноќта ви бидат приоритет.

Контролирајте го стресот. За време на хроничен стрес, нивото на инсулин и кортизол се зголемува, што води до оштетување на метаболизмот и отпорност на инсулинот. Со тоа се зголемува тежината.  Не можете да го избегнете стресот, но можете да научите да го контролирате. Медитација, вежби за длабоко дишење, јога, масажи и најдобриот лек, смеа.