Берберин – како го регулира шеќерот во крвта?

Што имаат заедничко 530 милиони возрасни луѓе ширум светот? Веројатно многу нешта, но една од нив е и дијабетесот. Дијабетес е многу честа состојба поради која се зголемува нивото на шеќер во крвта. Појавата на дијабетес е тесно поврзана со панкреасот и двата хормони кои го регулираат нивото на шеќер во крвта. Премногу или премалку шеќер во крвта е состојба опасна по животот на пациентот.

Како инсулинот го контролира шеќерот во крвта?

По обилен оброк, во крвта има повеќе шеќер од вообичаено. За да се стабилизира состојбата и да се врати во нормала, панкреасот излачува инсулин кој го насочува вишокот шеќер кон клетките, каде истиот се користи за енергија. Истовремено, инсулинот му дава до знаење на црниот дроб дека треба да престане со излачување на шеќер во крвта.

Од различни причини може да дојде до нарушување на овој баланс па способноста на панкреасот да излачува инсулин да биде редуцирана или воопшто да не излачува инсулин. Ваквата состојба вообичаено доведува до појава на дијабетес. Без редовниот внес на инсулин, шеќерот се наталожува во крвта, постепено стврднувајќи ги крвните садови и зголемувајќи го ризикот од срцев или мозочен удар и откажување на бубрезите.

Недостатокот на инсулин ги осиромашува и клетките од шеќерот кој им е потребен за енергија. Кај луѓето со дијабетес, честопати е високо и нивото на глукагон, што предизвикува дополнителна циркулација на шеќер во крвта.

Како берберинот го регулира шеќерот во крвта?

Берберинот е природна состојка која последниве години ужива внимание од научната фела, а илјадници години наназад е користена во древните медицини.

Последните истражувања покажуваат дека берберинот го имитира дејството на некои од лекарствата кои се препишуваат на пациенти со дијабетес тип 2.

Берберинот го регулира шеќерот во крвта преку активација на ензим наречен АМПК. AMП-активирана протеинска киназа делува на меѓуклеточно ниво и учествува во регулирање на метаболизмот и шеќерот во крвта. АМПК ја зголемува сензитивноста на клетките на инсулинот и ја забавува апсорпцијата на шеќерот во цревата.

Покрај регулирање на шеќерот во крвта, берберинот има влијание врз високиот крвен притисок, високиот холестерол, синдром на полицистични јајници, контрола на телесната тежина, а тоа во голема мера се должи на неговите антивоспалителни и антиоксидативни својства.

Производот може да го нарачате ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ

Или на телефонскиот број: 02 3218 821

(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!